Странски банки
Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19


Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот.
„Парите на Светска банка се наменети за жителите на 112 земји”, изјави Малпас.
Тоа е дел од пакетот во износ од 160 милијарди долари, кој Светска банка има намера да го насочи во борбата против последиците од пандемијата до 30 јуни 2021 година.
„Имаме програми за итни случаи за здравствени проблеми во 112 земји и користиме брз механизам што сега овозможува пристап до 12 милијарди долари за набавка и испорака на вакцини“, рече Малпас.
Тој додаде дека Меѓународната финансиска корпорација (дел од Светска банка) работи на инвестирање на дополнителни четири милијарди долари во производство и дистрибуција на вакцини и средства за програми за вакцинација.
Домашни банки
Групацијата Штаермеркише Шпаркасе оствари нето добивка од 80 милиони евра во 2020 година


„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде што луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти приспособени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе. (more…)
Странски банки
1200 банкарски службеници ќе работат од дома засекогаш!?


Најголемата европска банка „HSBC” одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Велика Британија на постојана работа од дома. (more…)
Странски банки
И Јапонија ќе воведува своја дигитална валута!?


Јапонската централна банка објави дека започна експерименти за проучување на можноста за издавање сопствена дигитална валута. Со овој потег им се придружува на другите глобални централни банки во истражувањето на опциите во дигиталниот сектор. (more…)
- Анализипред 3 days
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 4 weeks
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 5 days
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 1 month
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Кредитипред 2 months
Поволни онлајн кредити без скриени трошоци
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите