Connect with us

НБРМ

Светска банка: Народната банка активно ја унапредува регулативната рамка за ефикасен и сигурен банкарски систем

Објавено

на

Народната банка посветено работи на унапредување на банкарската регулатива и вградување на најдобрите меѓународни практики и одредбите на европските директиви, со што се создаваат услови за одржување ефикасен и сигурен банкарски систем, како значајна алка во создавањето поволни финансиски услови за економски раст.

Според оцените на Светската банка, тимот на Народната банка има професионален и конструктивен пристап на постојано градење соодветна регулативна рамка. Унапредувањето на регулативната рамка се прави со значајна поддршка од страна на Светската банка. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Паолучи ја поддржа и заложбата на Народната банка за преземање активности во доменот на зелените финансии. Во тој контекст, беше посочено дека е исклучително важно што Народната банка во рамките на своите стратегиски цели за наредниот тригодишен период предвиде повеќе активности во овој домен. Во рамките на активностите е предвидено утврдување на изложеноста на банкарскиот систем на ризиците поврзани со климатските промени. Со ова ќе се создадат услови за подготовка на рамка којашто ќе им овозможи на банките да ги вградуваат ризиците од климатските промени во своето деловно планирање и управување со ризиците, како и во рамките на внатрешните контролни механизми. Во овој сегмент, претставникот на Светската банка посочи на продлабочувањето на соработката со Народната банка преку вклучување на земјата во рамките на проект со кој би се дијагностицирале зелените финансии во регионот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на движењата во економијата, при што беше посочено дека економскиот раст e согласно со очекувањата, додека кај движењата на инфлацијата внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за нагорно придвижување на цените. Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови, но јасна е потребата од внимателност, како и подготвеност да се реагира доколку се јави потреба. Вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе овозможи соодветни услови за натамошен економски раст, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута.

Светската банка е присутна долги години со проекти коишто даваат значајна поддршка на економскиот раст и развој на државата, а очекувањата се дека и понатаму активно ќе поддржува проекти со коишто се постигнува економска благосостојба.

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

Објавено

на

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Објавено

на

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Објавено

на

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)

Продолжи со читање

Популарно