Connect with us

Останато

Светска банка: Македонија има потенцијал за забрзан економски раст, да ја искористи шансата за ЕУ и НАТО

Објавено

на

Македонија има потенцијал  да стане земја со високи приходи, за што е потребен одржлив економски раст, како и да го искористи историскиот момент за решавање на спорот со името и забрзување на евроатланската интеграција.

Ова беше посочено на денешната презентација на анализата на Светска банка „Постигнување посветла иднина за сите“ во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по остамостојувањето.

Според Светска банка, Македонија има голем потенцијал за забрзување на економскиот раст, за намалување на сиромаштијата и за подобрување на животниот стандард на своите граѓани, особено за луѓето во најдолниот дел на распределбата на приходите, но за тоа треба да ги искористи своите конкурентски предности, вклучувајќи ја и стратепката локација и отвореноста за трговија и инвестиции, истовремено надминувајќи низа горливи предизвици и внимателно управување со ризиците.

-Оваа година е клучен момент во историјата на земјата како независна државата. Со постигнување на договорот со Грција, државата направи одлучен чекор во долготрајниот спор околу нејзиното уставно  име. Разрешувањето на спорот за името кој предизвикуваше политичка и економска штета уште од 1991 година се очекува да го забрза процесот на пристапување на земјата во ЕУ и НАТО, да овозможи подлабоко да се интегрира со регионалните и со светскиот пазар, се истакнува во анализата што денеска беше презентирана во Скопје од регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, претставникот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели и Марко Хернандез, коавтор на извештајот.

Мантованели потенцира дека Македонија се наоѓа во историски период и треба да надмине некои од политиките со кои беше опфатена неодамна и треба да ја искористи ваквата можност.

-Политичкото опкуржување креира пречки во поглед на развивање визија за економски раст, но и да се продолжи на онаа патека на економски развој што и го очекуваме. За тоа нема едноставен рецепт или лек,  сметам дека државата  во овој стадиум поминува низ една многу важна дебата. Знаеме каква е ситуацијата во поглед на прашањето за името и секако дека ова има и економски импликации и не зборуваме за политички аспект, туку имаме и економски импликации при што се забавува економскиот развој на државата. Тоа е дебата што се надеваме дека ќе доведе до решение кое позитивно влијае на економијата. Овие две нешта одат рака под рака, не може целосно да се издвојат, но сепак нашата перцепција е дека Мкаеоднија се наоѓа во еден историски период и треба да ги надмине некои од политиките со кои беше опфатена неодамна и секако треба да ја искористите ваквата можнст, рече Мантованели.

Има три патеки по кои Македонија треба да се движи. Првата е да поттикне подинамичен и  поконкурентен приватен сектор, втората е вложување во луѓето за да се изгради конкурентна и приспособлива работна сила и третата се однесува на остварување економска социјална одржливост, како и одржливост на животната средина преку делотворно управување, фискална прудентност, како и подобрено управување со животната средина во насока на зголемена отпорност на природни несреќи и климатски промени.

– Зголемувањето на продуктивнсота на економијата, подоборување на можнсотите за вработување за сите и постигнување фискална, социјална одржливост и одржливост на животната средина ќе и овозможи на земјата да ги искроисти придобивките од интеграцијата во ЕУ и да го намали јазот со Европа со повеќе и подобро платени работни места за нејзините жители, порача Ван Гелдер.

Според Светска банка, она што треба да преземе Македонија е групирано во 10 прироритетни области. Тоа се осигурување на владеење на правото и градење способни јавни институции што се отчетни пред граѓаните, вградување релевантни висококвалитетни вештини во текот на животниот циклус на граѓаните на земјата, зајканување на способностите на фирмите и на екосистемот за усвојување технологии, на пристапот на фирмите до финансии, подобрување на трговската поврзаност и итнеграцијата во синџирот на вредност, промовирање на пазарната конкуренција и воспоставување бизнис клима од светска класа. Намалување на демотивацијата и отстранување на пречките за учество на пазарот на трудот, особено за жените, осигурување фискална одржливост преку намалување на фискалните реизици, правејќи ги расходите поефикасни и преку мобилизирање повеќе приходи, инвестирање во интегрирани политики за намалување  на загадувањето на воздухот, градење отпорност на природни катастрофи и на климатските промени и промовирање раст со ниски јаглеродни емисии, заштита на човечкиот капитал преку штитење на сиромашните и на ранливите домаќинства од шокови и инвестирање во превентивна и примарна здравствена заштита и поттикнување на модернизацијата на земјоделството.

СБ порачува дека Македонија може да го искористи процесот за пристапување во ЕУ за да ги унапреди и одржи повеќето од овие приоритети.

-Упсехот на земјата при спроведување на сите приоритетни области зависи од тоа колку смело ќе делува и ќе одржува стабилен курс на реформите. Заедничка политичка визија и свесност на јавноста ќе обезбедат дневнополитичките случувања да не го разводнат реформскиот момент, рече Хернанде.

Спорд него, треба да се преземат активности што ќе влијаат на политики за потенцијалите да се претворат во резултати.

Македонија е рангирана како земја со средни до високи приходи, но, како што беше посочено, има потенцијал да биде и со високи приходи за што треба да се спроведат одредени реформи..

Мантованели потенцира дека Македонија од 2000 година има просечна стапка на раст од 2,8 проценти и со таков раст за 70 години би посотигнала нивото на ЕУ, доколку се зголеми на 5 отсто тогаш целта ќе се оствари за 30 години.

Во однос на најавеното прогресивно оданочување, Мантованели посочи дека Македонија е една од земјите со најмали приходи и оти има простор за прогресивно оданочување, но при тоа да се има предвид да не се поткопа ефикасноста.

– Има пречки во однос на капацитетите за приходи за имплементирање на политиките. Ние сметаме дека има простор за подобрување на ефикасноста, кога станува збор за оданочувањето, но, исто така, кога го гледаме прогресивното оданочуваме забележуваме дека има една маргина и дека може да се биде попрогресивен без при да се поткопува ефикасноста, рече Мантованели.

Препораките од Светска банка, како што беше посочено на презентацијата, властите не мора да ги земат предвид, но очекуваат да ги разгледаат, да ги усвојат и да имплементираат дел од наодите.

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Осигурување

СЕ ЗГОЛЕМУВА КОНКУРЕНЦИЈАТА: Заваровалница Триглав е третиот пензиски фонд на македонскиот пазар

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange