Connect with us

Останато

Светска банка и ОН: Рекордно ниска стапка на сиромаштија во светот

Објавено

на

Според извештајот на Обединети Нации околу 1,3 милијарди луѓе, речиси една четвртина од населението во 104 земји, кои беа вклучени во истражувањето, изјавиле дека се сиромашни. Приближно 662 милиони од нив се деца.

Со истражувањето беа опфатени здравствената заштита, образованието и животниот стандард. Луѓето кои живеат во сиромаштија немаат пристап до неопходните работи, како што е вода, средства за хигиена, електрична енергија, соодветна исхрана или основно образование.

Резултатите од истражувањето покажуваат и дека поголемиот број од сиромашните односно 1,1 милијарда луѓе живеат во селските региони, каде сиромаштијата е четирипати поголема отколку во градските средини.

Стапката на сиромаштија во светот падна на рекордно ниско ниво, соопшти Светска банка. 10% од луѓето во светот живееле со помалку од 1,9 долари дневно во 2015 година, додека две години претходно тој процент бил 12%. Тоа значи дека во 2015 година 735,9 милиони луѓе во светот дневно живееле под прагот на сиромаштијата во однос на 804,2 милиони во 2013 година.

Сиромаштијата е намалена во сите делови од светот, освен на Блискиот Исток и на северот на Африка, каде што судирите во Сирија и Јемен ја зголемија стапката на сиромаштија на 5% во 2015 година од 2,6% во 2013 година. Во Супсахарка Африка стапката на сиромаштија е 41,1%, во јужна Азија е 12,4%, во Латинска Америка и на Карибите е 4,1%, во источна Азија и во пацифичкиот регион е 2,3%, а во Европа и во централна Азија е 1,5%.

„Во изминатите 25 години повеќе од милијарда луѓе се извлекоа од екстремна сиромаштија и глобалната стапка на сиромаштија сега е пониска од кога било во забележаната историја. Тоа е едно од најголемите достигнувања на човештвото во наше време“ изјави претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким.

Околу половина од земјите во светот сега имаат стапка на сиромаштија пониска од 3%,  но од Светска банка наведуваат дека светот како целина не е на пат да достигне помалку од 3% од луѓето да живеат во екстреммна сиромаштија до 2030 година.

Од 1990 до 2015 година стапката на сиромаштија паѓаше за околу 1% годишно, од речиси 36% на 10%, но од 2013 до 2015 година вкупно падна 1%. Според прелиминарните проценки на Светска банка, годинава во екстремна сиромаштија живееле 8,6% од луѓето.

Криптовалути

„Coinbase“ се сели во Даблин порди Brexit

Објавено

на

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Влијанието на вештачката интелигенција врз криптовалутите

Објавено

на

Неодамна, компанијата IBM започна со истражување на тема криптовалути и блокчејн технолофија, што јасно зборува за важноста која една од водечките светски компании им придава на оваа тема. Познат е систем на вештачката интелигенција развиен од IBM под името Watson и кој имал своја примена во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност

Објавено

на

Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange