Connect with us

Странски банки

Светска банка: До крајот на годината ќе има најголем глобален економски пад од Втората светска војна

Објавено

на

Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени од страна на државите со цел потиснување на вирусот,на крајот од 2020 година ќе доведат до најголем пад на светската економија од Втората светска војна, нагласува Светската банка во најновиот извештај.

Според прогнозите на Светската банка, глобалниот раст ќе се намали за 5,2 проценти оваа година, што би било најдлабока рецесија по Втората светска војна.

Повеќето светски економии би доживеале најголем пад на производството по глава на жител од 1870 година, соопшти Светската банка во извештајот „Глобални економски перспективи“.

Најтешко погодени се оние држави каде пандемијата е најлоша и кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање, се додава во извештајот.

Силата на ударот ќе варира од регион до регион, но сите нови пазари и економиите во развој имаат зголемена ранливост, предупредува Светската банка. Во Европа се очекува економски пад од седум отсто додека во САД 6,1 отсто пред да се појават знаци за обнова во 2021 година. Во 90 отсто од 183 економии се очекува пад на БДП во 2020 година.

Поради сериозно нарушување на домашната понуда и побарувачка, економијата и финансиите, економската активност на напредните економии се очекува да се намали за седум проценти во 2020 година.

Кај новите пазари и економиите во развој се очекува пад од 2,5 проценти оваа година, што е најголемо во изминатите 60 години.

СБ предупредува дека приходот по глава на жител се очекува да падне за 3,6 проценти, поради што милиони луѓе ќе се соочат со екстремна сиромаштија оваа година.

Странски банки

Економистите на Дојче банк со стpaвично пpeдупредување: Седиме на темпиpaна бомба!

Објавено

на

Понатамошното игнорирање на инфлацијата ќе ја одведе глобалната економија до голема криза, се вели во последниот извештај издаден од економисти на „Deutsche Bank“, кои вперуваат прст кон американската политика за печатење пари. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Куба и стави крај на употребата на американските долари

Објавено

на

Централната банка на Куба ги суспендира депозитите на американскиот долар на национално ниво. Република Куба ја прекинува употребата на американски долари поради ограничувањата предизвикани од ембаргото со американски и странски банки. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Хрватските банки остварија добивка од 1,1 милијарда куни во првиот квартал на 2021 година

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија профит од 1,1 милијарда куни во првиот квартал од оваа година, што е приближно иста сума како и во првите три месеци од минатата година, објави во понеделникот Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање


Популарно