Connect with us

Странски банки

Светска банка го откажа извештајот Doing Business поради „местење“ на рангирањето

Објавено

на

Светската банка го откажа објавувањето на извештајот за регулативата за водењето бизнис во земјите ширум светот откако истрагата открила „непримерен притисок“ на челниците при составување на табелата и спорниот пласман на Кина но и на Саудиска Арабија, Обедиенетите Арапски Емирати и Азербејџан.

Светската банка по интерните извештаи во јуни 2020 година за „неправилноста на податоците“ во извештаите Doing Business за 2018 и 2020-та иницираше низа анализи и ревизии, и управата денеска одлучи врз основа на нивните резултати одлучила да го прекине нивното објавување, се наведува во дописот од четвртокот.

Интерната ревизија и страгата на адвокатската канцеларија „ WilmerHale“ отвориле „етички прашања, вклучително и оние за однесувањето на поранешните функционери на одборот и сегашни и некогашни вработени на Светската банка“, се додава во соопштението.

Адвокатата канцеларија „WilmerHale“ спровела истрага за да утврди како наводно биле изменети податоците за Кина, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Азербејџан.

Утврдиле „директен и индиректен притисок“ на вишите функционери во кабинетот на тогашниот претседател на Светската банка, Џим Јонг Ким да се промени методологијата и да се подобри пласманот на Кина, веројатно по негови упатства.

Ким тогаш заедно со тогашната извршна директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, сегашната челничка на Меѓунардонито монетарн фонд (ММФ) водел преговори за докапитализација на Банката и сакале поддршка од Пекинг.

Георгиева и нејзиниот клучен советник Симеон Џанков наводно вршеле притисок врз службеници на Светската банка за да „внесат конкретни измени во кинеските податоци“ и да го подобраат пласманот на Кина на табелата во рамките на извештајот „WilmerHale” токму во времето на таа кампања.

Кина по методолошките измени во конечниот извештај од 2017 година била пласирана седум места подобро отколку во првата верзија, завршувањејќи на 78-то место. Светската банка, пак, во 2018-та објави зголемување на капитало за 13 милијарди долаи, а уделот на Кина е зголеме од 4,68 на 6,01 проценти.

Кристалина Георгиева во писмената изјава објавена во четвртокот истакнува дека не се согласува со заклучоците и толкувањата во споменатиот извештај, додавајќи дека за нив го известила и извршниот одбор на ММФ.

Поранешниот челник на Светската банка, Џим Јонг Ким, не одговорил на барањето на агенцијата Reuters да ги коментира резултатите од истрагата, а агенција не успеала веднаш да го контактира Џанков.

Истражителите издвоиле и притисоци поврзани со податоците кои го одредиле пласманот на Саудиска Арабија, ОАЕ и Азербејџан, во Doing Business 2020 објавен мината година, но не нашле докази за вмешаност на челниците на Светската банка во тие измени.

Фунцкионерит од Саудиска Арабија сметале дека авторите на извештајот на Светската банка не ги земаат предвид, како што тие тврделе, успешните реформи, се наведува во извештајот на адвокатската канцеларија. Саудиска Арабија во спорниот извештај напредувала за 30 места, на 62-то место.

„Ќе поработиме во иднина на нов пристап во оценувањето на деловната и инвестициската клима“, порачауваат од Светската банка.

Непрофитното здружание Oxfam изрази задоволство од одлуката на Светската банка да не го објавува извештајот за условите за работење, истакнувајќи дека низ долг период ги поттикнувале владите да ја демонтираат законската заштита на работниците и да ги намалуваат даноците за компаниите за да го подобрат пласманот во рангирањето.

Поранешниот челник на Светската банка, Пол Ромер, меѓу првите изрази сомневање во објактивноста на извештајот Doing Business за 2018 година, тврдејќи дека пласманот на Чиле можебим бил под влијание на фактот дека на претседатгелската должност беше тогаш Мишел Башале. Набрзо по овој истап, Ромер си замина од Банката.

Странски банки

Шпаркасе банка добива екслузивно право да издава картички на Дајнерс Клуб!?

Објавено

на

Шпаркасе банка потпиша договор за купување на “Erste Card”, која во Словенија има ексклузивно право да издава картички на Дајнерс Клуб и да склучува договори за прифаќање картички на продажните места, пренесува „Bonitet.com”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Како рускиот банкарски гигант стана највредна европска банка!?

Објавено

на

На 7-ми октомври, „Sber“ (порано позната како „Sberbank“) стана највредната банка во Европа. Претходно, првото место го држеше британската „HSBC“, објавија руските медиуми. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР иницира прва програма за циркуларна економија за Западен Балкан и Турција

Објавено

на

Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува нова програма од 155 милиони евра за Западен Балкан и Турција за отстранување на пречките за премин кон циркуларна економија. (more…)

Продолжи со читање



Популарно