Connect with us

Останато

Светска банка го одобри заемот за развој на социјалните услуги и ран детски развој во Македонија

Објавено

на

Бордот на извршни директори на Светска банка денес го одобри заемот во износ од 33,4 милиони долари наменет за натамошен развој на системот за социјална заштита и рано детско образование и грижа. Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе се фокусира на решавање на предизвиците поврзани со социјалното исклучување на ранливите групи, како и слабиот квалитет и фрагментацијата на социјалните услугите и раното детско образование и грижа.

„Проектот ќе го зголеми социјалното вклучување на најранливите лица во земјата, преку систем на добро таргетирана и проширена испорака на социјални услуги “, вели Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка. „Дополнително, преку инвестирање во раното детско образование и грижа, Македонија инвестира во својата иднина. Проектот ќе ја подобри подготвеноста за училиште, што е клучно за развој на животни вештини и за зајакнување на конуретноста на економијата на долг рок.

Проектот ќе има сеопфатен пристап, и вклучува проширување на социјалните и услугите за рано детско образование и грижа, подобрување на пристапот до услугите, како и подобрување на квалитетот на испораката на услугите поврзани со социјалната и детска заштита. Исто така, се очекува проектот да ги подобри стандардите за изведба во поглед на квалитет, навременост и квантитет на обезбедените услуги. Овој комбиниран пристап ќе ја подобри интеграцијата и вклученоста на ранливата популација.

„ Грантови за инфраструктура ќе бидат достапни преку проектот и предвидено е да биде обезбеден нов предучилишн простор за околу 7500 деца како во урбаните така и руралните општински среднини”, вели Марина Петровиќ, виш специјалист за социјална заштита при Светска банка и лидер на проектот. „Проширувањето на пристапот до услуги ќе значи, исто така, поголемо внимание за квалитетот, па затоа во проектот ќе вклучи зајакнување на компетенциите и капацитетите на наставниците, како и изработка на материјали за работа со децата согласно на возраста на учениците”, додава Бојана Нацева, виш специјалист за образование при Светска банка и ко-лидер на проектот.

Директни корисници на проектот се корисниците на социјална помош (приматели на паричен транфер) и други ранливи групи на возрасни и деца кои имаат право на социјални услуги, како и административниот персонал во владата и општините, и други субјекти вклучени во обезбедувањето на услуги. Проектот ќе поддржи квалитетно рано образование на деца од предшколска возраст (3-6 годишна возраст) и нивните семејства и ќе помогне во транзицијата кон основното образование, со фокус на децата од ранливите групи и деца со попреченост. Исто така, сите деца на возраст од 0 до 6 години од целата земја се очекува да имаат корист од подобрено родителство и грижа во домот. И на крај, училишните наставници и персонал, како и персоналот од институциите за социјални услуги и предучилишните институции ќе имаат корист од поедноставените и поефикасни административни процедури и новите или реновирани работни простори.

Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе биде имплементиран во период од пет години. Главна институција одговорна за имплементација на проектот ќе биде Министерството за труд и социјална политика, во тесна соработка со Министерството за образование и наука, како предводник на квалитативната димензија на компонентата за рано детско образование и грижа, и секако Министерството за финансии.

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Осигурување

СЕ ЗГОЛЕМУВА КОНКУРЕНЦИЈАТА: Заваровалница Триглав е третиот пензиски фонд на македонскиот пазар

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange