Connect with us

Странски банки

Светска банка: Годинава дознаките зголемени за 7,3 проценти

Објавено

на

Дознаките испратени во државите со пониски и средни приходи се зголемија за 7,3 проценти оваа година на 589 милијарди долари, соопшти Светската банка, истакнувајќи дека овој тренд на раст е поголем од очекуваниот. Трендот на испраќање дознаки се покажал отпорен и покрај глобалната рецесија предизвикана од пандемијата Ковид-19, бидејќи, освен овогодинешниот значителен пораст, минатата година забележа пад од само 1,7 проценти.

Во извештајот на Светска банка за миграција и развој се наведува дека тековите на дознаките кон земјите со пониски и средни приходи, освен Кина, ќе го надминат збирот на приливите на странски директни инвестиции (СДИ) и странската развојна помош (ИРП) втора година по ред.

„Дознаки испратени од мигрантите се значително дополнување на владините програми за трансфер на готовина за да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со економски тешкотии за време на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19″, истакна Михал Рутковски, директор на одделот за социјална заштита и вработување на Светска банка.

Странски банки

Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?

Објавено

на

Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља

Објавено

на

Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)

Продолжи со читање


Популарно