Connect with us

Останато

Светска банка вети 57 милијарди долари за финансирање во Африка

Објавено

на

Светска банка вети дека ќе издвои околу 57 милијарди долари за инвестициски проекти за зајакнување на економиите во потсахарскиот дел на Африка.

Најголем дел од тие средства, 45 милијарди долари, ќе ги издвои Агенцијата за меѓународен развој во рамките на Светска банка, која дава безкаматни кредити за најсиромашните земји.

 

Останатите средства исто така ќе бидат од Светска банка, но од други нејзини филијали.

 

Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким оваа недела ќе ги посети Руанда и Танзанија каде со официјаните претставници ќе разговара за поддршката од меѓународните финансиски организации во тој дел од Африка.

 

“Ова претставува одлична можност да се промени траекторијата на развој на земјите од овој регион. Ние ќе работиме на тоа да се прошири програмата во образованието, да се подобрат основните здравствени услуги, да се добие чиста вода, да се развие земјоделството, бизнис климата, инфраструктурата и институционалните реформи”, изјави Ким.

 

Светска банка е одговорна за обезбедување на финансии и давање на совети за земјите со цел да се зајакне економскиот развој и да се намали сиромаштијата, но и да се зачуваат меѓународните инвестиции.

 

“Финансирањето ќе им помогне на африканските земји да продолжат да се развиваат, ќе создаде можности за граѓаните и градење на отпорност на шокови и кризи”, рече Ким.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање



Популарно