Connect with us

Странски банки

Светска банка: БДП годинава ќе порасне за 2,4 отсто, стапката на инфлација ќе биде 9,3 проценти

Објавено

на

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,4 отсто, следната од 2,7, а во 2025 од 2,9 проценти, прогнозира Светска банка во пролетниот Економски извештај за регионот на Европа и Централна Азија.

Стапката на инфлацијата, пак, годинава ќе достигне 9,3 отсто, во 2024 ќе се намали на 3 проценти, а во 2025 година ќе биде 2,0 проценти.

Светска банка во делот од извештајот за Северна Макеоднија наведува дека и покрај брзото закрепнување по ковид-пандемијата, енергетската криза го намали растот и ја подигна инфлацијата на највисоко ниво во последните две децении,  оптоварувајќи ги јавните финансии во услови на пораст на трошоците за задолжување. Инфлацијата се забрза и го достигна врвот од близу 20 проценти кон крајот на 2022 година, поттикната од двоцифрениот раст на цените на храната и енергијата.

Високата инфлација создаде дополнителни предизвици. Сиромаштијата се намали умерено во 2022 година. Повисоките цени на храната и енергијата негативно влијаеја на благосостојбата на домаќинствата, особено кај помалку богатите кои трошат поголем дел од приходите на овие ставки и имаат помалку механизми за справување со повисоките цени. Мерките за поддршка на Владата, вклучително и субвенциите за електрична енергија и зголемувањето на минималните плати за 18 отсто, според СБ, до одреден степен го ублажија шокот.

Растот на корпоративните кредити, наведува банката, остана стабилен до декември 2022 година, иако влошувањето на финансиските услови во време на пораст на влезните трошоци и трошоците за позајмување може да влијае на перформансите на фирмите и да го наруши кревкото закрепнување. Преклопувачките кризи, исто така, имаа негативен фискален ефект и значително го намалија фискалниот простор за поддршка на растот на среден рок.  Јавниот долг се намали на 59,6 отсто од БДП во 2022 година, но заостанатите долгови се зголемија на 3,2 отсто, додека примарниот дефицит остана висок, а субвенциите на државната компанија за електрична енергија за покривање на загубите достигнаа 2,4 отсто од БДП.

СБ посочува и дека банкарскиот сектор кредитирањето останале стабилни во 2022 година. Централната банка ја зголеми основната каматна стапка на 5,25 отсто за да ги спречи инфлаторните очекувања, курсот на денарот остана стабилен, а девизните резерви се опоравија од загубите направени на почетокот на војната во Украина.

Враќањето на долгорочните изгледи за раст на земјата ќе зависи од очекуваните реформи и политичките активности кои треба да се фокусираат на обновата на одржливоста и отпорноста на шокови за да се спречат идни назадувања на растот.

Структурните реформи за поттикнување на среднорочниот раст треба да бидат приоритет во пресрет на изборите во 2024 година.

Среднорочните изгледи за раст се позитивни, а надолните ризици стивнаа со олеснување на условите за финансирање и затоа што земјата обезбеди финансирање за 2023 година. Се очекува растот во 2023 година да се зголеми на 2,4 отсто, што е за 0,3 под под прогнозата од есенскиот извештај, пред се поради нарушувањата предизвикани од војната во Украина и долготрајната енергија криза.

Се предвидува растот да остане под потенцијалот, но умерено да се забрза како што започнуваат големите јавни инвестиции и очекуваните странски директни инвестиции

Стапката на инфлација се очекува годинава да забави под претпоставка дека енергетската криза ќе стивне.

Додека основните ризици остануваат и се тесно поврзани со економските изгледи на главните трговски партнери на земјата, напредувањето во преговорите за пристап во ЕУ може да го обезбеди многу потребниот поттик за реформи и економски раст.

Во исто време, зголемената политичка неизвесност и парламентарниот ќорсокак пред изборите би можеле да го одложат спроведувањето на клучните реформи. Конечно, повисоката од очекуваната инфлација може да предизвика позначајно затегнување на монетарната политика што дополнително може да ги ограничи опциите за финансирање и да ја потисне економската активност, стои во делот од извештајот на Светска банка за Северна Македонија.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно