Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Светска банка: Ако Македонија преземе мерки сега, децата би биле поздрави и попродуктивни

Објавено

на

Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) на Македонија е понизок отколку просекот на регионот и група на приходи. Децата во Македонија, додека наполнат 18 години се очекува да завршат 11,2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 6,8 години што значи дека има јаз во учењето од 4,4 години, покажува најновото истражување на Светска банка, објавено денеска.

Според истражувањето, ИЧК укажува дека дете родено денес во Македонија кога ќе порасне ќе биде продуктивно 53% од она што би можело да биде ако имало целосно образование и било целосно здраво.

Во Македонија, ИЧК кај девојчињата е повисок отколку кај момчињата, односно изнесува 0,55 во споредба со 0,52 на скала од 0 до 1.

– Вредноста на индексот, особено вредноста на образовните показатели укажуваат на итно преземање мерки. Се чини дека досегашните реформи не го трансформирале образовниот систем доволно за да им помогне на мнозинството ученици да ги достигнат барем основните знаења, вели директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели.

Тој смета дека темелна анализа на податоците од Програмата на ОЕЦД за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) треба да е првиот чекор за можните активности во јавните политики и реформи кои се навистина насочени кон подобрувањето на образованието во Македонија.

– Важно е земјата и понатаму да учествува во меѓународните оценувања од голем обем за следење на квалитетот на образовниот систем, потенцира Мантованели.

Во моментов, Светска банка ги поддржува напорите на Македонија за зајакнување на техничкото средно стручно образование и обука и високото образование преку Проектот за развој на вештините и поддршка на иновациите (со кредит во износ од 24 милиони долари). Целта е да се подобри транспарентноста на распределбата на ресурсите и да се унапреди отчетноста во високото образование, да се подобри релевантноста на средното техничко стручно образование, како и да се поддржат капацитетите за иновации во Македонија.

Светската банка исто така ја поддржува Македонија во насока на подобрување на пристапот до квалитетно рано детско образование и детска нега за сите деца, особено за децата од социјално ранливите групи, преку Проектот за подобрување на социјалните услуги (кредит од 34,6 милиони долари). Со овој проект ќе се подобри подготвеноста за училиште, што е од витално значење за доживотниот развој на вештините и зајакнување на конкурентноста на економијата на земјата на долг рок.

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

Објавено

на

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange