Connect with us

Останато

Светската трговска организација ја намали прогнозата за раст на светската економија

Објавено

на

Светската трговска организација (СТО) ја намали прогнозата за растот на економијата во светот, наведувајќи го зголемувањето на трговските тензии меѓу големите економии и зголемувањето на неизвесноста.

Телото со седиште во Женева ја намали прогнозата за годинава за половина процентен поен на 3,9%. СТО предвидува намалување на растот на светската трговија следната година, на 3,7%.

СТО наведе дека новите трговски мерки кои целат кон извозот на големите економии е јасна алузија на тензиите на САД со клучните трговски партнери.

САД воведоа царини на стоки, вклучувајќи ги челикот и алуминиумот од повеќе земји, меѓу кои старите сојузници како ЕУ и Канада. Истовремено САД влегоа во спор со Кина, за која обвинија дека неправично бара од странските компании да ја дадат својата технологија доколку сакаат пристап до нејзиниот пазар.  Претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот одобри зголемување на царините за кинеската роба во вредност од 200 милијарди долари. Пекинг одговори со воведување пенали на американските производи во вредност од 60 милијарди долари.

Останато

На повикот “СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка се пријавиле 186 компании

Објавено

на

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange