Connect with us

Анализи

Светската економија започнува да се опоравува од корона кризата!?

Објавено

на

Светската економија почнува да излегува од корона кризата. Различните модели на инвестициските банки укажуваат дека дното е веќе надминато, пренесува руската државна телевизија.

Кина, од каде што започна актуелната криза, уште во февруари ја надмина најниската точка.

САД, исто така, го надмина врвот на кризата, но два месеци подоцна. Но, треба да се нагласи дека кризата во САД започна подоцна. Причината за економската криза беше коронавирусот, поточно рестриктивните мерки поврзани со неговото ширење. Интересно е што можноста за втор бран од коронавирусот може да биде поврзана со укинување на карантинот и рестриктивните мерки.

Според експертите, намалувањето на рестриктивните мерки може да предизвика значително зголемување на бројот на заразени лица.

Според аналитичарите на „Goldman Sachs”, ова е главната закана и можна пречка за растот на светската економија.

Но, мора да се нагласи дека покрај можноста за втор бран од коронавирусот, постојат и многу други закани по економијата. Прилично долгиот карантин погоди голем дел од светските компании, а дел од нив дури и нема да закрепнат од корона кризата.

Постои голема веројатност од бранови на банкротирање, со сите последици што произлегуваат од тоа. Друга закана е високиот пораст на невработеноста, практично во сите земји.

Веројатно, најголемата криза предизвикана од коронавирусот помина, светските економии се рестартираат и започнуваат со обнова, но последиците од пандемијата на вирусот ќе бидат огромни.

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Жените се уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Објавено

на

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23% пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ЕБОР и НЛБ Банка со здружени сили за поддршка на корпоративниот сектор и населението

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони ЕУР за поддршка на македонските претпријатија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно