Странски банки
Светската Банка и одобри заем од 200 милиони евра на Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР)


Одборот на директори на Светска банка и одобри заем од 200 милиони евра на Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР) за хрватскиот проект за помош (ХЕАЛ) насочен кон поддршка на ликвидноста на фирми погодени од пандемијата Ковид-19 и земјотресите минатата година, соопшти Светска банка.
Заемот ќе обезбеди средства за ликвидност и финансиско преструктуирање на компаниите погодени од пандемијата Ковид-19 и минатогодишните разорни земјотреси.
„Одобрувањето на тој проект е исклучително важно бидејќи обезбедува поддршка за компаниите погодени од кризата поради пандемијата, обезбедува зачувување на работните места и поттикнува закрепнување на економијата. Покрај тоа, ова ќе ги охрабри комерцијалните банки да го финансираат приватниот сектор и ќе го олеснат кредитирањето од други меѓународни финансиски институции и ќе придонесат за зголемување на оперативната ефикасност на ХБОР. Важно е да се нагласи дека Светска банка го одобри овој проект под многу поволни услови”, изјави хрватскиот вицепремиер и министер за финансии Здравко Мариќ.
Финансирањето исто така ќе го поддржи континуираниот развој на државниот ХБОР преку подобрени деловни процеси, да ја зајакнува одржливоста и отпорноста на климатските промени и користењето на средствата на ЕУ.
„Очекуваме проектот ХЕАЛ да помогне во зачувување на работните места и поддршка на егзистенцијата на домаќинствата преку директна поддршка на приближно 150 фирми кои вработуваат околу 25.000 лица“, рече во соопштението Елисабета Капанели, менаџер на Светска банка за Хрватска.
Со цел да се ублажат повеќекратните последици од пандемијата, проектот ќе поддржи извозно ориентирани компании, и тоа – мали и средни (до 250 вработени) и средно-капитализирани компании (од 250 до 3.000 вработени).
Проектот ќе ја зголеми достапноста на финансирање за компании во помалку развиените области на Хрватска, компании во сопственост или управувани од жени и млади компании кои работат помалку од пет години.
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
Странски банки
Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља


Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)
Странски банки
Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година


Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје