Connect with us

Анализи

СБ: Родовата нееднаквост на пазарот на труд прави загуби на БДП

Објавено

на

Поради родовата нееднаквост и малото учество на жените на пазарот на труд се прават загуби од околу 15 проценти во Бруто домашниот производ, укажуваат од Светска банка.

Оттаму оценуваат дека доколку се зголеми вработувањето на жените и се искористат нивните вештини и квалификации тогаш тоа сигурно ќе се одрази и на зголемувањето на БДП.

“Многу е тешко да се пресмета колкав би бил растот, но зголеменото учество на жените во економската активност позитивно влијае врз економскиот развој” – истакна Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје на денешната презентација на работилницата „Градење сознанија за инклузивен раст и создавање работни места во Западен Балкан“.

Истражувањата на Светска банка покажуваат дека во Македонија само 45 проценти од жените на возраст од 15 до 24 години се вработени или се обучуваат, а околу 60 проценти не прават ништо иако имаат соодветно образование и квалификации.

Дел од причините за ова, Светска банка ги гледа во тоа што жената е онаа која се уште ги чува децата или се грижи за старите лица во семејството и нема време да се вклучи на пазарот на труд.

“Во Македонија има ограничена достапност на услуги по прифатливи цени. Постои потреба од формални услуги за грижа за децата, а во поглед на обезбедувањето на грижа за повозрасните лица постојат многу малку домови и дневни центри кои би им ја олесниле грижата на жените. Дури има и иструмент на одвраќање да се користи ваквов вид на грижа за повозрасни лица бидејќи има општествено наметнато мислење децата да се грижат за родителите” – вели Ана Марија Муњоз Буде, експерт за социјални науки на Светска банка.

Истражувањата покажуваат дека жените потешко наоѓаат работа и нивниот труд не е еднакво вреднуван како на мажите дури и кога имаат поголеми квалификации од нив.

Анализи

Amazon ќе го прошири уделот на пазарот во САД

Објавено

на

Според ново пазарно истражување приходите на американската технолошка компанија Amazon во САД ќе се зголемуваат во текот на оваа година со 30%  и ќе достигнат речиси 260 милијарди долари.

Компанијата за пазарни анализи на eMarketer, која ја разгледува продажбата на категории на производи, проценува дека приходите на концернот во САД од е-трговија ќе достигнат 258,2 милијарди долари.Тоа значи дека се очекува Amazon да освои речиси половина од американскиот пазар за електронска трговија до крајот на 2018-та година (49,1%), тврдат од  eMarketer. Компанијата заврши во 2017-та година со околу 44% удел на пазарот.

На второ место не е Walmart, како што некои би можеле да очекуваат, туку eBay, според истражувањето на eMarketer. Се очекува eBay да ја заврши годината со удел од околу 6,6% од американскиот пазар за електронска трговија, Apple ќе држи 3,9%, а на „Walmart“ ќе отпаднат едвај 3,7%. Следуваат „Home Depot“, „Best Buy“, „QVC Group“, „Macy’s“, „Costco“ и „Wayfair“.

Исто така е изненадувачки фактот дека пазарот на Amazon расте – т.н. Marketplace е платформа за e-трговија, која е во сопственост и е управувана од „Amazon“ и која им овозможува на продавачи од трети страни да тргуваат, наместо купувачот да купува еден од сопствените брендови на „Amazon“.

Продажбата генерирана од пазарот, ќе биде повеќе од два пати над директна продажба на Amazon во САД до крајот на годината, вели eMarketer. До 2019-та година, продажбата ќе генерира повеќе од 70% од севкупниот бизнис на е-трговија на Amazon.

Продолжи со читање

Анализи

Доларот јакне, инфлацијата во САД во пораст

Објавено

на

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте светски валути, минатата недела се зголеми за 0,8 проценти, односно на 94,74 поени, што е највисоко ниво во последните две недели.

На меѓународните пазари вредноста на доларот во однос на другите валути минатата недела се зголеми значително, бидејќи САД ги зајакнаа инфлациските притисоци, па повторно заживеаја шпекулациите дека Банката на федерални резерви до крајот на годината може да ги зголеми каматните стапки уште двапати.

Цената на американската валута, исто така, скокна за 1,7% во однос на јапонскиот јен, на 112,35 јени. Доларот, исто така, зајакна и во однос на европската валута, па стапката на еврото се намали за 0,5 отсто на 1,1685 долари.

Продолжи со читање

Анализи

Златните резерви на моќните држави

Објавено

на

Ако ги рангираме топ 10 најдобрите централни банки во светот нема да забележиме голема промена од година во година. Но, тоа што ќе го забележиме како промена е големината на нивните резерви. Сепак, ниту една држава не може да го надмине САД.

Шест години по ред пак Русија е најголемиот купувач на злато, и нејзините резерви веќе надминуваат 220 тони, претекнувајќи ја Кина, која е на петтото место, покажува истражувањето GFMS Gold Survey.

Земјите со најголеми резерви на злато во првите месеци од 2018 година:

1. САД – 8133,5 тони / 75,2% од резервите на земјата;

2. Германија – 3371 тони / 70,6% од резервите на земјата;

3. Италија – 2451,8 тони / 67,9% од резервите на земјата;

4. Франција – 2436 тони / 63,9% од резервите на земјата;

5. Русија – 1909,8 тони / 17,6% од резервите на земјата;

6. Кина – 1.842,6 тони / 2,4% од резервите на земјата;

7. Швајцарија – 1040 тони / 5,3% од резервите на земјата;

8. Јапонија – 765,2 тони / 2,5% од резервите на земјата;

9. Холандија – 612,5 тони / 68,2% од резервите на земјата;

10. Индија – 560,3 тони / 5,5% од резервите на земјата;

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange