Connect with us

Странски банки

Санкциите на САД врз руските банки ќе значат „економска војна“

Објавено

на

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Москва ќе смета „објава на економска војна“ и оти ќе се „одмазди“ економски, политички или ако е потребно и со други средства, доколку САД наметнат санкции за руските банки или забрана на нивна употреба на одредена валута.

Денешниот говор на Медведев доаѓа откако САД објавија нова рунда на санкции, а американските законодавци предложија дополнителни мерки, вклучително ограничување на работењето на неколку државни руски банки и нивна употреба на американскиот долар.

„Не сакам да ги коментирам разговорите за други санкции, но можам да кажам една работа: нешто како забрана на работењето на банките или на една или друга валута, ќе биде можно целосно да се нарече објава на економска војна, рече Медведев за време на неговата посета на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток додавајќи:

„И би било неопходно на оваа војна да се реагира економски, политички или ако е потребно, со други средства. И нашите американски пријатели треба да го разберат ова“, рече Медведев.

Странски банки

Бундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

Објавено

на

Германската економија останува на патот на растот благодарение на силната локална побарувачка, иако позитивниот тренд се забавува поради сложената комерцијална средина и некои привремени ефекти врз автомобилскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Revolut доби банкарска лиценца од Европска Централна Банка

Објавено

на

Revolut, дигиталната банка од Велика Британија, во четвртокот (13 декември) објави дека добила одобрение за банкарска лиценца во Европа од страна на Европската централна банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Forbes 2000: Најмоќните банки во 2018 година

Објавено

на

Од десетте најдобри компании на листата оваа година, седум се банки и само една компанија, Apple, е нефинансиска институција. Пораката? Во ера обележана со технолошките промени и прекинот во индустријата, немилосрдниот раст на финансиските услуги на новите и развиените пазари го прави банкарството најзастапениот бизнис на земјата. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange