Домашни банки
Санел Кустурица – нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје


На челната позиција на Шпаркасе Банка од 1.5.2022 година застанува Санел Кустурица, досегашен заменик-претседател на Управниот одбор на Банката. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател на Управниот одбор Глигор Бишев, кој по девет години успешно менаџирање со банката го искористи правото за заминување во пензија.
Санел Кустурица е човекот што ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици, во согласност со Одлуката за негово именување за претседател на Управниот одбор, донесена од Надзорниот одбор на Банката.
Новиот претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје има 23-годишно искуство во банкарскиот сектор, извршувајќи одговорни функции на различни позиции во повеќе банкарски институции на пазарот во Босна и Херцеговина: Микро Ентерпрајз Банка, Прокредит Банка, УниКредит Загребачка Банка, ХВБ-Централ Профит Банка, УниКредит Банка, како и Шпаркасе Банка АД БиХ.
Г. Кустурица од јуни 2009 година е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и истата година е именуван за претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД БиХ, извршувајќи ја оваа функција до почетокот на 2021 година. Под водство на Санел Кустурица, Шпаркасе Банка АД БиХ со својата активна кредитна политика и силен продажен пристап се позиционираше меѓу најбрзо растечките и најстабилните банки на пазарот во Босна и Херцеговина.
На почетокот на 2021 година Санел Кустурица доаѓа во Македонија на позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, а веднаш по завршувањето на проектот за интеграција и присоединувањето со Охридска банка се назначува за заменик-претседател на Управниот одбор на Банката, надлежен за активности поврзани со работењето со население, маркетинг и развој на производи.
„Верувам во силата на нашиот извонреден тим и во моќта заедно да ги менуваме работите. Разбирањето на потребите на клиентите и нивното задоволување на најдобар и најефикасен начин продолжува да биде инспирацијата за нашето делување. Преку разновидна понуда на иновативни производи, непосредна комуникација и постојано учество во проектите на заедницата, ќе се трудиме да бидеме различна и модерна банка, прв избор на финансиски партнер за сите потреби на нашите клиенти. Континуираниот развој и фокус кон резултатите, одличната тимска работа, инвестирањето во дигитализација и постојаното усовршување на процесите во Банката, заедно со континуираната, безрезервна поддршка од страна на нашите сопственици, верувам дека се нашите силни адути и успехот ќе биде неизбежен“, вели Санел Кустурица.
Богатото професионално искуство на г. Кустурица е поддржано и од исклучителното формално образование и магистерска диплома од областа на бизнис-администрација и меѓународна економија на Универзитетот во Делавер, Соединетите Американски Држави.
Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи над два века постоење на финансискиот пазар во Р Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд.
Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид


Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)
Домашни банки
Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје