Connect with us

Форекс

Само еден ден траеше кризата, банкарските акции повторно се вратија во зелена зона

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза, банкарските акции повторно беа во пораст, откако еден ден претходно забележаа висок пад на вредноста по Одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Сепак, иако Народната банка одлучи банките да не исплаќаат дивиденда, банкарските акции сеуште се најактуелни кај македонските инвеститори.

Највисок пoраст забележаа акциите на УНИБанка АД Скопје чиишто акции ја зголемија вредноста за 3,09 проценти, пред акциите на ТТК Банка АД Скопје кои забележаа пораст од 2,97%.

Пораст на вредноста забележаа и акциите на Комерцијална банка АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 2,79 проценти, како и акциите на НЛБ Банка АД Скопје кои забележаа пораст од 2,20%. Растеа и акциите на Стопанска банка а.д. Битола за 1,64 проценти.

Единствено акциите на Стопанска банка АД – Скопје ја намалија својата вредност за 3,14 проценти.

Останува во претстојниот период да видиме дали комерцијалните банки ќе ја поддржат Одлуката на Народната банка и ќе ја одложат исплатата на дивиденда кон своите акционери или ќе одлучат да одат против Централната банка и на своја волја ќе им ја доделат заслужената награда на акционерите.

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец март

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец март 2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2021 година вкупниот промет изнесува 757.514.703 денари и е значително намален за високи 45,52% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза повторно го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 26.03.2021 година, одлучи продуктот на Берзата за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО заклучно со 30.06.2021 година. (more…)

Продолжи со читање




Популарно