Connect with us

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава.

Ваква порака испратија учесниците на денешниот прв ден на 9. Самит „Македонија 202“ кој поради пандемијата со Ковид -19 се одржува онлајн. Во фокусот на самитот се економските реформи и заздравувањето на економиите, а во следните два дена се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери. Целта е во време на криза да се соберат позитивни знаења, искуства и добри практики и тоа да се искористи за развој на економиите.

„Државата е подготвена да не штеди пари, ресурси и потенцијали и да вложи во јакнење на технолошкиот и човечкиот потенцијал. Нашата предност е човекот. Генерално, имаме добро образование кое мораме да го преадаптираме на модерните трендови на потребите на пазарот на трудот”, истакна премиерот Зоран Заев, кој заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир учествуваше на првиот панел на самитот.

Порача дека во земјава нема евтина работна сила, туку квалитетна работна сила која треба да се преквалификува и да се помогне.

Во периодот на криза, како што посочи, со креираните антикризни мерки сочувани се 80 илјади работни места.

„Главната цел ни е да ја зголемиме конкурентноста на компаниите и да ги направиме бизнисите конкурентни. Граѓаните, бизнисмените и работниците успеаја да и пркосат на кризата и да ги зачуваат местата. Таргетиравме 200.000 работни места, по анализите сочувавме 80.000 работни места кои би биле изгубени ако не развивме вакви економски пакети”, рече Заев.

Важна улога во развојот на економијата, според него, има и дијаспората, а особено важни се инвестициите на домашните иселеници во сопствената држава.

„Повеќе од пола од нашиот човечки потенцијал ни е надвор од државата, во дијаспората. И тоа е наш потенцијал кој треба да го искористиме. Ако средствата заработени, ги вложиме дома, тоа е благопријатно. Ако овде профитот можат да го најдат странски компании, тогаш и ние можеме да го најдеме. И треба да насочени сериозни ресурси во овој дел и покрај тоа што има наши луѓе кои ризикуваат неколку години од својата кариера и се вратат дома за да помогнат, а потоа повторно се вратат во државата во која работат. Тоа за мене е голем чин на патриотско чувство и го почитувам”, рече Заев.

Евроамбасадорот Гир смета дека Северна Македонија има иднина. Убеден е дека со забрзување на реформите, ќе се забрза и процесот на евроинтрегација на земјата. За реформите, вели, не се важни само за евроинтегративниот процес, туку и за самата земја.

„Советот од 27 членки во март одлучи дека Северна Македонија ги презеде потребните чекори за да почне со преговорите за пристапување. Тоа е насоката каде одлуката не е под знак прашање. Таа одлука стои и сега треба да се фоскисраме на забрзување на реформите кои не се добри само за забрзување на процесот на пристапување, туку се од клучна важост за самата земја. Убеден сум дека со работата што се презема и со забрзување на реформите, процесот на евроинтеграција ќе се забрза. Јас сум оптимист и немаше да дојдам во Северна Македонија ако не гледам позитивна визија за иднината, но мораме да работиме сите заедно”, порача евроамбасадорот Гир.

Една од пораките што ја испратија учесниците на првиот панел е дека е потребно и вложување во напорите да се премине кон обновливите извори на енергија. Во овој дел, како што посочи премиерот, земјата има направено многу. Донесен е законот и обезбедена е неговата практична имплементација, а реализирани се и низа проекти. Поставени се фотоволтаици, скратени се постапките за ветерници, а на 28 декември се очекува успешна прва постапка за Чебрен. Во тек се и преговори за учество од 25 проценти во гасната електрана во Александропулос и за 10 проценти учество во гасниот терминал, а почнати се и разговори со Џенерал електрик инвестмент за нивната идеја да инвестираат 800 мегавати гасна централа во регионот на Битола.

Во обид да и се помогне на сопствената држава, од „Македонија 2025“ имаат изработено и платформа за поврзување на македонски компании со професионалци и експерти со македонско потекло од светот.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно