Connect with us

Останато

Самитот на АПЕК заврши со несогласување меѓу САД и Кина

Објавено

на

Самитот на земјите од Пацификот и Азија (АПЕК) заврши без официјално соопштение на лидерите, поради несогласување меѓу САД и Кина околу трговијата.

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Питер О’Нил, земјата домаќин на самитот, изјави дека двајцата гиганти во собата не успеале да се договорат, како и дека соопштението од самитот ќе биде дополнително издадено, пренесе Би-би-си.

САД и Кина моментално се во таканаречена трговска војна, на самитот изложиле конкурентни визии за регионот.

За време на самитот САД објавиле дека ќе се придружат на Австралија во развојот на морнарската база на Папуа Нова Гвинеја, со што се ограничува влијанието на Кина.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој бил присутен на самитот, рекол дека таа база ќе помогне да се стави крај на суверенитетот и поморските права на Пацифичките острови.

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера ја критикуваше политиката на сАД, наведувајќи дека државите кои го поддржувале протекционизмот биле осудени на неуспех.

Пенс подоцна му одговорил дека е подготвен двојно да ги зголеми тарифите наметнати за увоз на кинеска стока.

Останато

Од почеток на 2019 година државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

Објавено

на

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Избрани претприемачите за 2018 година

Објавено

на

Ваљон Купа од „Евита груп“ – Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ – Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ – Скопје во категоријата микро претпријатија, се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange