Connect with us

Останато

Германија сака да интервенира при купување на 15% од акциите во локалните компании

Објавено

на

Берлин сака да има правото да се меша во инвестиции и превземања, ако инвеститор надвор од Европската унија купи удел од најмалку 15% во германска компанија, пишува денеска весникот „Велт“, цитиран од агенциите.

Германија ја зајакна контролата на странските инвестиции во минатата година, по серијата на аквизиции од страна на кинеските компании. Владата сега може да интервенира ако купувачот се стекне со 25% од акциите.

Министерството за економија треба да може да се интервенира, ако инвеститор надвор од Унијата купи директно или индиректно учество од најмалку 15 проценти од правата за глас во германска компанија, пишува „Велт“.

Предлогот за промена на германскиот закон за надворешна трговија се координира со другите министерства, а законот кој дозволува поголема контрола би можел да стапи на сила веќе оваа година.

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange