Connect with us

Останато

САД има најголеми резерви на злато

Објавено

на

Залихите на злато се резерви кои ги чува народната банка на секоја држава со цел тоа да послужи како вредносно покритие, често поврзувано со јачината на домашната валута. Во продолжение ви ја прикажуваме листата на држави со најголеми залихи на злато во државниот трезор. За жал, Македонија не е ни близу до врвот на листата на држави со најголеми залихи на злато.

Според светските финансиски портали, САД, Германија, Италија и Франција се државите со најголеми залихи на злато во народниот сеф.

Податоците велат дека државата со убедливо најголеми златни резерви е САД, која има складирано 8.133 тони злато во сефот на народната банка. САД многу се одвојува пред сите останати држави во светот кога се работи за залихите во злато, бидејќи тие имаат резерва колку три држави заедно.

На второто место се наоѓа најбогатата европска држава, Германија, која има златна резерва од 3.374 тони. Иако Германија не држи некоја значителна предност пред останатите држави, таа сепак има скоро еден тон повеќе од следната држава на листата, Италија, која поседува 2.452 тони злато. Остатокот од најбогатата петорка ја сочинуваат Франција со 2.436 тони и Русија, со 1.857 тони злато.

Комплетната листа изгледа вака:

  1. САД – 8.133 тони злато
  2. Германија – 3.374 тони
  3. Италија – 2.452 тони
  4. Франција – 2.436 тони
  5. Русија – 1.857 тони
  6. Кина – 1.054 тони
  7. Швајцарија – 1.040 тони
  8. Јапонија – 765 тони
  9. Холандија – 612 тони
  10. Индија – 557 тони

Русија ја престигна Кина на листата, која минатата година беше помеѓу топ петте држави во светот со најголеми ресурси, а тоа помогна на руската економија да закрепне по влошувањето на односите со САД и да направи залихи во други валути, а не во долари. Русите обично купуваат злато од домашни извори, бидејќи тие имаат многу места каде истото може да биде ископано.

Останато

УЈП нема да ги користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка и динамика на потрошувачка

Објавено

на

За претпополнетата годишна даночна пријава апсолутно е ирелевантно да користиме податоци за висина на износ на трансакциска сметка, начин на користење, состојба на сметка и најостро ги демантираме овие тврдења, велат од УЈП. Нивната изјава се однесува на информациите што деновиве беа објавени во врска со новиот Закон за банкарството, со кој УЈП електронски ќе добива податоци од банките, потребни за изготвување на годишната даночна пријава на граѓаните.

Исто така, од таму тврдат дека во согласност со насоките од Дирекцијата за заштита на личните податоци изготвиле предлог за измената и дополнувањето на Законот за Управата за јавни приходи, во чии одредби се вклучени рамката за протокот на овие податоци, нивната содржина, динамиката за достава, како и стандардите за сигурност и заштита на личните податоци на граѓаните, а во насока на усогласување со Законот за заштита на личните податоци.

„За да може да се стави во функција автомастката размена на податоците помеѓу УЈП и банките за цели на издавање пополнета годишна даночна пријава, освен измените на Законот за банките, потребно е да се донесат измени на Законот за Управата за јавни приходи. Исто така, при размената ќе се применуваат ИТ-безбедносните стандарди и политики за сигурност од новиот систем Е-персонален данок, кој ги исполнува стандардите за безбедност и кој беше воведен со ЕУ ИПА-проект“, велат од УЈП.

УЈП ги има податоците за приходите во земјата, но останала потребата од законски измени за добивање на податоците за приходите остварени во странство, кои претходно самите граѓани ги доставуваа како прилог во годишната даночна пријава.

„УЈП со предвидените законски измени нема да има пристап до податоците за трошења на граѓаните. Управата за јавни приходи нема да врши увид во сметките на даночните обврзници, ниту има потреба од податоци за приватност, начин и навики на живеење или тенденција на потрошувачка активност. Тие податоци воопшто не се потребни за изготвување на претпополнетата годишна даночна пријава од страна на УЈП. Исто така, потенцираме дека УЈП воопшто нема потреба, ниту е предвидено да ги добива или користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка, начин на користење, состојба на сметка и сл. преку електронската размена на податоци со банките. На Управата за јавни приходи ѝ се потребни податоци за приливи и одливи на физички лица кон земјата и странство, кои може да подлежат на даночење, без воопшто да задира во состојбата на сметката или друг вид трансакции. Овие податоци, кои претходно даночните обврзници самите ги доставуваа како прилог кон годишната даночна пријава, сега УЈП ќе треба да ги внесува во пополнетата годишна даночна пријава, а граѓаните да ги потврдат или коригираат“, објаснуваат тие.

Продолжи со читање

Криптовалути

Венецуела воведе криптовалута за да се спаси од инфлација

Објавено

на

За да ја спаси земјата од хиперинфлација, венецуелскиот претседател, Николас Мадуро ја воведе кроптовалута петро и ја прогласи за национална валута.

Од 20ти август земјата ќе има две валути. Боливар и петро ќе имаат иста вредност.

Со залихите на нафта се гарантира стабилноста на петро.

Тоа е нешто слично како што другите валути се потпираат на златото.

Нафтената индустрија ќе мора да користи петро, и оваа валута ќе биде врзана со боливарот.

Вредноста на двете валути ќе ја одреди Централната банка.

Но, медиумите веќе ја критикуваат оваа криптовалута и тврдат дека таа не се потпира на нафтата.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоин и што е тоа што може да го стабилизира?

Објавено

на

Што предвидувате за биткоините и криптовалутите? Бил Гејтс во интервју истакнал дека блокчејн-технологијата е супериорна во однос на модерното банкарство, но биткоините нема да бидат доминирачки систем.

Постои група луѓе чии верувања најверојатно ќе имаат поголем ефект врз иднината на биткоините отколку кои било други – оние што избираат „hodl“. Се работи за кратенка од „hold on for dear life“ (чувај си го милиот живот), иако оригиналната форма е всушност погрешно спелување на зборот „hold“. Ова се луѓе што планираат да го форсираат биткоинот додека остатокот од светот прифати дека неговата вредност е најголема.

Кога луѓето ќе почнат да ги продаваат своите биткоини, само „ходлерите“ ќе останат, па се подготвени да купат уште повеќе, што ќе го зголеми процентот на вкупното поседување на биткоини кои се токму во нивните раце. Тие трпеливо го чекаат денот кога користењето на биткоини ќе биде целосно применето во секојдневните трансакции преку дигитален систем.

Анкета од 2017 година, спроведена од „ЛендЕДУ“, онлајн-пазар за студентски заеми, покажала дека просечната цена за која „ходлерите“ би продале е 200.000 долари за биткоин. Секако, нема начин да се дознае колку вистински се посветени овие луѓе, особено во ситуации како таа во јануари кога биткоините паднаа од високи 17.000 на 10.000 долари. Всушност, вредноста се нема вратено на рекордното високо ниво, во последниот период се движи од 6.000 до 8.000 долари.

Сепак, изгледа дека секој прецизен процес на вреднување на биткоинот треба да се земе предвид во базата на ситни монети, на вистинските верувачи кои го „чуваат милиот живот“, барем засега.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange