Connect with us

Останато

САД: Дополнителни стимулативни мерки во висина од еден трилион долари за санирање на економската штета

Објавено

на

Американските републиканци поднесоа предлог за уште едни стимуилативни мерки во висина од еден трилион долари поради епидемијата со новиот коронавирус.

„Американскиот народ има потреба од помош”, изјави лидерот на републиканското мнозинство Мич Мек Конел.

Додека сенаторот Чак Грасли наведе дека мерките предвидуваат да има уште една еднократна исплата од 1.200 долари за возрасните американски граѓани.

Гресли побара и на невработените лица, на кои им се исплаќа по 600 долари, да им се плати 70 проценти од последната плата пред да добијат отказ.

Додека демократите побараа пакет од околу три милијарди долари, вклучително и постојани неделни исплати за невработените лица од 600 долари, мерка што завршува за неколку дена.

Според републиканците таквиот пакет мерки е премногу скап.

Демократите ги обвинија републиканците дека се оддалечиле од претходно договорените мерки за ублажување на последиците од пандемијата.

Американскиот конгрес во март донесе пакет стимулативни мерки, кои со дополнителните стимуланси, достигнаа до речиси три трилиони долари.

Останато

Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии

Објавено

на

Денес, претставници на сите членки на Македонската банкарска асоцијација, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро се сретнаа со мининстерот за финансии, д-р Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Популарно