Connect with us

Останато

САД го забележа најголемиот буџетски дефицит во историјата

Објавено

на

Владата на САД го оствари најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата во јуни, откако трошоците за програмите за борбата против коронавирусот се зголемија, а приходите од данок се намалија, бидејќи многу луѓе ги загубија своите работни места.

Министерството за финансии на САД објави дека дефицитот минатиот месец е 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа земја, додека во април дефицитот беше 738 милијарди долари.

Оваа сума е поврзана и со парите обезбедени од Конгресот за да се намали влијанието на широко распространетите запирања на бизнисите што се случија во обид да се ограничи ширењето на пандемијата. За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 трилиони, што е исто така рекорд за ваков период.

Со овие податоци, Конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 трилиони долари.

Оваа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 милијарди долари поради Светската економска криза.

Останато

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, на 11-ти ноември се одржа Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 470 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 130 лица со онлајн присуство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно