Connect with us

Странски банки

САД воведе санкции против најголемата руска банка Сбербанк

Објавено

на

Американската администрација воведе санкции за најголемата руска банка „Сбербанк”, соопшти Министерството за финансии.

Американските институции мора да ги затворат своите сметки во „Сбербанк” во рок од 30 дена.

„Сбербанк”, во мнозинска државна сопственост, е најголемиот кредитор на руската економија и банка со најмногу штедни влогови.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно најави мерки и против втората по големина руска банка „ВТБ”. Тоа значи дека сега 80 проценти од имотот на руските банки се предмет на санкции.

САД воведоа санкции и против Белорусија, која е вклучена во инвазијата на Украина.

Министерството за финансии таргетираше 24 белоруски поединци и организации. Санкциите се насочени кон одбранбениот сектор и банките кои имаат особено блиски односи со Москва. Санкциите се насочени кон околу една петтина од финансискиот сектор на Белорусија.

Јапонија и Нов Зеланд утрово најавија нови санкции против Русија

Странски банки

НЕОЧЕКУВАНО – Турската централна банка ги намали каматните стапки на 13%

Објавено

на

Tурската централна банка неочекувано ја намали основната каматна стапка за 100 базични поени на 13%, наведувајќи го забавувањето на економската активност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Инфлацијата во Велика Британија надмина 10 проценти

Објавено

на

Растот на потрошувачките цени во Велика Британија силно забрза во јули, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 1982 година и дополнително го зголемува притисокот врз домаќинствата, покажаа официјалните податоци во средата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?

Објавено

на

Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно