Connect with us

Осигурување

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје денес прославува 10 години од извршената прва уплата во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

Сава пензија плус е прв формиран доброволен пензиски фонд во Република Северна Македонија, со дозвола за управување добиена во 2009 година. Првата уплата на доброволен пензиски придонес била реализирана пред точно 10 години на 15.07.2009 година.

Доброволното пензиско осигурување кое го нуди Сава пензиско друштво а.д. Скопје за индивидуално членување и професионално членување преку компании, е високо регулиран финансиски производ на пазарот кој овозможува долгорочно штедење на средства за дополнување на идната пензија. Штедењето во доброволен пензиски фонд или таканаречен трет пензиски столб е дополнително стимулирано од државата преку даночни бенефиции.

 Во текот на овие 10 години работење 10.308 членови* искажаа доверба дел од своите заштеди да ги вложат во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Нивните заштедени пари заедно со остварениот принос од вложувањата достигнаа нето вредност 859,36 милиони денари*. Од Сава пензиско друштво а.д. Скопје се особено горди на постигнатиот просечен годишен принос* остварен од инвестирање на средствата уплатени од страна на членовите за минатите седум години (од 30.06.2012 до 30.06.2019) кој изнесува 6,38% номинален**,односно 5,47% реален**.

„Досегашниот остварен принос е резултат на соодветно поставената Стратегија за инвестирање која се реализира преку избор на квалитетни финансиски инструменти и напредни техники на управување со портфолио и управуање со ризици од страна на нашиот стручен тим на професионалци. Средствата на пензискиот фонд, покрај во домашни обврзници и депозити во домашни банки се инвестирани во квалитетни странски и домашни компании со добри долгорочни перспективи, висока профитабилност и солидни дивидендни приноси. Визијата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е да биде препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.“ – по повод јубилејот изјави г-ѓа Мира Шекутковска, Претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Покрај управувањето со првиот доброволен пензиски фонд, Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува и со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, со средства под управување на 30.06.2019 година од 32.943,68 милиони денари (над 500 милиони евра) и со 238.732 членови.

Друштвото е членка на словенечката Сава Осигурителна Групација која брои 22 членки од осигурителниот бизнис и бизнисот со управување со средства, а во Македонија, покрај Сава пензиско друштво а.д. Скопје, дел од Групацијата е и Сава Осигурување АД Скопје. Официјален деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е и НЛБ Банка АД Скопје.

Осигурување

Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци

Објавено

на

Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка го воведува UnitLinked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

СМАРТ потрошувачки кредит на TTK Банка АД Скопје во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје со многу нови поволности и привилегии за клиентите

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, следејќи ги потребите на клиентите, воведе низа новини и привилегии за своите клиенти со цел заштеда на семејниот буџет и подигнување на свеста за здрави животни навики. (more…)

Продолжи со читање


Популарно