Connect with us

Електронско банкарство

Апликацијата Сава Пензиско План е рангирана на прво место во финансиски апликации во Р.С.Македонија од страна на Google Play Store

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје е првото пензиско друштво кое за своите клиенти изработи мобилна апликација Сава Пензиско План.

Преку новата мобилна апликација, клиентите имаат брз и едноставен пристап, целосен увид и сите потребни информации поврзани со својата пензиска заштеда во вториот и во третиот пензиски столб.

Мобилната апликација Сава Пензиско План на корисниците им нуди:

  • брз и едноставен пристап до состојбата на пензиската заштеда
  • бесплатна регистрација и користење на апликацијата
  • известувања за пристигнати придонеси
  • детален извештај за пензиската заштеда во вториот и третиот столб
  • ажурирање на податоците
  • дигитална Сава Пензиско План картичка

Бројните можности кои ги нуди мобилната апликација за своите членови, придонесоа таа од страна на Google Play Store моментално да биде рангирана на прво место во категоријата на бесплатни финансиски мобилни апликации во Република Северна Македонија.

Мобилната апликација е достапна на:

Google play – https://bit.ly/2SzeXuT
Apple store – https://apple.co/3pUSk

За да пристапат во апликацијата членовите треба да употребат корисничкото име и лозинка кои Сава пензиско друштво им ги доставува во Извештаитe за пензиска заштеда. Доколку клиентитте не ги знаат своето корисничко име и лозинката, можат да се обратат на емаил: kontakt@sava-penzisko.mk или на 02/15-500.

Електронско банкарство

Компаниите се повеќе отвораат онлајн продавници или одлучуваат да бидат дел од локална маркетплејс платформа

Објавено

на

Пандемијата со корона вирусот влијаеше кон промена на навиките на домашните купувачи, кои согласно одговорите во прашалникот за е-купувачи, спроведен од АЕТМ на 2802 испитаници, 37% одговориле дека значително повеќе започнале да купуваат онлајн од почетокот на пандемијата, а дури 76% од нив одговориле дека ќе продолжат да купуваат онлајн и по COVID-19 со ист обем.

Дека македонците во текот на првите девет месеци од 2020 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, може да се заклучи и од растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите со домашни картички, особено кон домашни е-продавници. Согласно податоците од НБРСМ, преку е-трговија, односно онлајн плаќање во првите девет месеци годинава се реализирале вкупно 10 милијарди денари, што го надминува износот реализиран во текот на цела 2019 година.

Зголемената онлајн потрошувачка, покрај природниот раст и ограничувањата кои со себе ги донесе пандемијата за купување во физички локации, се должи и благодарение на растот на онлајн понудата од страна на домашните компании. Согласно податоците од НБРСМ за бројот на виртуелни места на продажба (интернет продажни места), заклучно со 30.09.2020 година во Република Северна Македонија регистрирани се 1.342 продажни места, односно за период од девет месеци во текот на 2020 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 322 новоотворени. Доколку ја земеме предвид бројката на нови онлајн продавници за истиот период во текот на минатата година можеме да заклучиме дека растот изнесува 212,6% што значи дека голем дел од компаниите успеале да имплементираат онлајн продажба во услови на пандемија. 

Согласно методологијата на прибирање на податоци на НБРСМ истата го вклучува бројот на регистрирани виртуелни места на продажба кои ги пријавуваат петте банки кои нудат е-трговија, односно сопствени е-продавници. Сепак за да се види поголемата слика потребно е да се согледаат и бројките за компаниите кои отвориле нов канал на продажба, односно онлајн преку мартеплјес платформа бидејќи и нивните производи и услуги ги направиле достапни за онлајн купување за потрошувачите.

Се повеќе компании одлучуваат да бидат дел од локален “marketplace” за онлајн продажба

По успехот на големите интернационални „marketplace” платформи како Amazon, Aliexpress, Etsy и други, голем број на домашни компании одлучуваат да бидат дел од локален “marketplace” со цел да ги понудат своите производи и услуги онлајн и да дојдат до што поголем број потенцијални купувачи. 

Маркетплјес платформите се особено поволно решение за малите и средни компании и овозможуваат брзо лансирање и пристап до нови потенцијални купувачи. Компаниите кои се одлучуваат да отворат е-продавница во рамките на маркетплејс практично немаат потреба да поврзуваат платежен процесор и ја користат техничката и корисничката поддршка, како и датабазата на корисници за маркетинг промоции од самиот маркетплејс.

Најчестите причини поради кои некои од компаниите одлучуваат да се дел од локален маркетплејс наместо да отворат своја е-продавница се: побрза процедура за започнување со работа, чини помалку во однос на изработка на своја е-продавница, користење на едуциран кадар со искуство во е-трговија, здобивање со искуство за онлајн продажба од веќе воспоставен систем и подобар маркетинг на својот бренд и своите производи итн.

Во нашата земја во моментот постојат два поголеми онлајн пазари, односно две платформи кои функционираат како marketplace. 

На маркетплејс платформата Grouper Shopping Mall, лансирана во април оваа година по започнувањето на кризата, веќе се отворени над 100 е-продавници. 

На онлајн платформата МаркетКонект има 97 компании, од кои 15 се активни со опција за онлајн плаќање преку своите профили, а остатите се со можност за испраќање на мејл со податоци за нарачката. 

Продолжи со читање

Електронско банкарство

SmartSend – Ѕвони ми на сметка! – нова иновативна услуга од Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје сака да ги задоволи потребите на своите клиенти и ги прави нештата да бидат едноставни, а услугите лесни за користење. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ Банка го овозможи мобилното банкарство за корисниците на новите Huawei телефони

Објавено

на

НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони.

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

Апликацијата НЛБ мКлик за физички лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103005871

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103010517

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да се реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик без потреба од дополнителен уред токен. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста за аплицирање на НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

Апликациите НЛБ мКлик и НЛБ мПроклик овозможуваат директен пристап до Банката, постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Баната им ги нуди на своите клиенти.

Повеќе информации во врска со оваа понуда клиентите можат да добијат на веб страницатa nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

Продолжи со читање

Популарно