Connect with us

Осигурување

Сава пензиско друштво а.д. Скопје со известување за членовите со бенефициран стаж

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги известува своите членови дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 1 јули 2020 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 септември 2020 година.

Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до овој рок не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 октомври 2020 година.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје до сите свои членови кои оствариле право да ја дадат оваа Изјава ќе достави писмено известување на нивната адреса за коресподенција која ја имаат во нашата евиденција.

Од Сава пензиско друштво а.д. Скопје препорачуваат пред потпишување на Изјава за продолжување на членство лицата со бенефициран стаж кои оствариле намалување на старосната граница за пензионирање од најмалку една година, задолжително да го контактираат Друштвото на Kontakt@sava-penzisko.mk или на телефон 02/15-500.

По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).

Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија.

Линк од изјавата: http://mapas.mk/?page_id=4949

Осигурување

Успеси кои немаше да бидат постигнати без поддршката на Халк Осигурување

Објавено

на

Ристо Вуков Рико, македонски автомобилист, ја заврши дебитантската сезона во престижниот Порше Карера Куп во Италија. Борбеноста, упорноста и истрајноста му обезбедија одлично место во сезоната во Порше Карера ГТ3-купот и, секако, во својот клуб ГДЛ Рејсинг. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Популарно