Connect with us

Осигурување

Сава пензиски фонд и Сава пензија плус примија приливи од камати и дивиденди од компании како Henkel AG & CO KGAA; Basf SE; Rоyal Dutch Shell PLC-A SHS, Bank Of America Corp.

Објавено

на

Средствата на членови на пензиските фондови се инвестираат во најразлични финансиски инструменти дома и во странство се со цел остварување на соодветен принос кој се распределува пропорционално на сметките на сите членови. Токму затоа од Сава пензиско друштво редовно ги информираат членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус за пристигнатите приливи по основ на дивиденди и камати.

Според последните податоци од друштво информираат дека во периодот од 21.06.2020 до 30.06.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 5.772.393 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 13.576.048 денари.

Од инвестираните средства на странските и домашниот финансиски пазар за истиот период по основ на дивиденда пристигнати се приливи во износ од 88.932,62 евра и 13.180,56 долари.

Дел од тие познати компании од кои пристигнала дивиденда во овој период се: Henkel AG&CO KGAA; Basf SE; Rоyal Dutch Shell PLC-A SHS; Bank Of America Corp.

Во однос на приливите во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус, од Друштвото информираат дека во период од 21.06.2020 до 30.06.2020 пристигнати се приливи од камати во износ од 162.091,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 765.321,00 денари.

По основ на дивиденда од инвестираните средства во странски и домашни компании и инвестициски фондови во истиот овој период пристигнати се приливи во вкупен износ од 2.177,96 евра и 309,27 долари.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот. Детални информации за тоа каде се инвестираат средствата на членовите во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво можете да најдете во финансиските извештаи на веб страната https://www.sava-penzisko.mk/

Членовите на пензиските фондови имаат и можност преку новата мобилна апликација Сава Пензиско План да бидат информирани за сите приливи кои пристигнуваат во пензиските фондови, како и со сите други информации поврзани со нивната пензиска заштеда.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Осигурување

АСО предупредува: Детектирани случаи на нудење осигурителни услуги од друштва кои немаат дозвола за работа во земјава

Објавено

на

Врз основа на следење на состојбата на осигурителниот пазар во земјата, посебно во делот на рекламирање  и продажба на осигурителни производи, Агенцијата за супервизија на осигурување во последно време детектира случаи на нудење, рекламирање и склучување на полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување (особено од Република Бугарија) кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Приливи од над 18 милиони денари во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје го имплементираше системот за квалитет согласно ИСО стандардот

Објавено

на

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје – друштво за неживотно осигурување го имплементираше системот за квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2015. (more…)

Продолжи со читање

Популарно