Connect with us

Осигурување

САВА осигурување со континуирани мерки за заштита на вработените и клиентите

Објавено

на

Имајќи ги во предвид развојот и сериозноста на ситуацијата со коронавирусот, САВА осигурување ја известува јавноста дека како општествено одговорна компанија која се грижи за своите вработени и клиенти, дава и ќе даде максимален придонес за спречување на ширењето на заразата со Covid-19.

Врз основа на состојбата и препораките на Владата за справување со пандемијата, компанијата постојано презема мерки на претпазливост и одговорно однесување – првенствено, за заштита на здравјето на своите вработени, нивните семејства, клиентите и соработниците. Покрај тоа, компанијата е целосно подготвена за продолжување на дејноста и во вакви, вонредни услови.

Континуирано се вршат сите неопходни мерки на заштита, претпазливост и одговорно однесување, за да се овозможи непречено одвивање на работата:

  • сите вработени редовно се известуваат и добиваат инструкции за лична заштита и постапување при работа со странки;
  • во работните простории е извршена дезинфекција;
  • обезбедени се средства за дезинфекција, маски и ракавици за сите вработени и клиенти и достапни на влез во подружниците;
  • се апелира до соработниците и клиентите да избегнуваат директен контакт и за сите потреби да користат телефонска или дигитална комуникација;
  • обезбедени се сите услови за најголемиот дел од вработените да ја вршат својата дејност од дома;
  • бројот на вработени во деловните простории е редуциран и сведен на неопходниот минимум за нормално одвивање на дејноста.

САВА осигурување продолжува со издавање на полиси, обработка на штетите и подмирување на обврските кон добавувачите, бидејќи како компанија е посветена на своите клиенти тогаш кога е најпотребно.

  • За полиса за осигурување, клиентите може директно да го побараат својот агент или да ја набават онлајн од вебшопот на www.sava.mk.
  • Штетите може да бидат пријавени онлајн на www.sava.mk или со јавување во контакт центарот на 0800 80 000 за инструкции.
  • За сите останати потреби и прашања, компанијата е достапна преку контакт центарот на: 0800 80 000, по електронска пошта на contact@sava.mk или преку веб-чет формата на веб страница www.sava.mk.

Останете дома и безбедни. Никогаш сами!

Осигурување

Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето

Објавено

на

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни  и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на  свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка – „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина

Објавено

на

Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно