Connect with us

Осигурување

САВА Осигурување лансираше нов иновативен производ на македонскиот пазар

Објавено

на

Компаниите отсега ќе може да ги осигуруваат побарувањата со што ќе се заштитат од ризикот на ненавремено плаќање. Новиот производ што го лансираше Сава осигурување а.д. Скопје, а на пазарот ќе се нуди од почетокот на ноември ќе биде од голема важност пред се за малите компании кои немаат доволна ликвидност и секој застој на паричниот обрт може да го загрози нивното функционирање.

Од Сава осигурување велат дека за овој нов производ има голем интерес кај компаниите и дека ваквиот тип на осигурување ќе претставува додадена вредност за компаниите.

“Самите побарувања кои претходно не биле осигурени, доведувале до несакани ефекти кај нашите клиенти. Кај нас нема тренд да се осигуруваат самите побарувања, туку се осигуруваат само средства, автомобили, згради и залихи. Со ова, за првпат кешот што треба да се очекува од идните приливи ќе биде осигуран. Во нашата држава имаме традиција на задоцнето плаќање кое е намерно или ненамерно и во овој случај целта ни е да се намали тој момент. Едноставно ризикот околу самата наплата на побарувањата да го преземе ние, а со самото тоа компаниите да бидат поинтересни за банкит, односно компаниите кои имаат ваков продукт, би добиле подобри кредитни услови од самите банки”, вели генералниот директор на Сава Осигурување, Сашо Дракуловски.

Осигурувањето на побарувањата се однесува за побарувањата меѓу фирмите и важи и за домашниот и за странскиот пазар. Препорачлив е за компаниите кои на своите купувачи им нудат подолги рокови на плаќање или одложено плаќање, за оние кои имаат ограничени интерни можности за наплата, како и за оние на кои работењето им е поврзано со само неколку поголеми купувачи.

Присуството на Сава осигурување на македонскиот пазар на осигурување е веќе 25 години и компанијата секогаш се стреми да ги следи светските трендови и иновации во осигурувањето. Со овој нов производ Сава осигурување во соработка со специјализираната осигурителна компанија Кофас ПКЗ, на клиентите им нуди единствена можност да добијат понуда специјално изработена и прилагодена на локалните барања и пракси, со светски потврден квалитет.

Во Словенија, околу 30 проценти од правните субјекти веќе користат ваков тип на осигурување.

“Во сегментот на правни субјекти, проценуваме дека околу 30 проценти од фирмите имаат ваков тип на осигурување”, вели Сергеј Симонити, претседател на управата на Кофас ПКЗ, која е единственото осигурување во Словенија кое е специјализирано за осигурување на побарувањата.

Ваквиот тип на осигурувањето компаниите може да го направат пред да склучат договори со купувачите.

Предности за компаниите при осигурување на побарувањата се:

  • Заштита од финансиска штета,
  • Остварување на целите за управување со ризикот,
  • Подобрување на кредитната способност,
  • Зголемување на приходите и профитабилноста,
  • Контрола на трошоците за наплата,
  • Подобрување на рејтингот.

Со осигурувањето на побарувањата, компаниите имаат покритие за следниве осигурани ризици:

  • Продолжено доцнење со плаќање
  • Несолветност на купувачот

Реазлизацијата на овие ризици може да ја загрозат ликвидноста, па дури и работење на компаниите. Со осигурување на побарувањата покрај надоместокот за ненаплатените побарувања, обезбедено е и покритие на трошоците за наплата и судските трошоци.

Осигурување

Полисата за зимско патничко осигурување од Кроациа осигурување неживот

Објавено

на

Незгодите се случуваат непланирано. Некојпат тие се предизвикани од надворешни влијанија, а некогаш од невнимание. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување преку емисија на хартии од вредност го зголеми основниот капитал за 4.000.000 евра

Објавено

на

Друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје на ден 31.12.2019 година ја комплетираше петтата емисија на акции по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Винер Лајф и Шпаркасе банка со сите детали за долгорочните кредити во комбинација со животно осигурување

Објавено

на

Се почесто во понудите на банките за долгорочните кредити како што се станбените се нуди и можност за отворање на животно осигурување како дополнителна гаранција која ќе ја обезбеди наплатата на самиот кредит со што се прави комбинација на услугите на банките и осигурителните друштва. (more…)

Продолжи со читање

Популарно