Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Сава осигурување а.д. Скопје оствари раст во првиот квартал од 2019 година

Објавено

на

Сава осигурување а.д. Скопје првиот квартал го затвори со пораст од 11,8% во број на склучени договори и 9,5% во полисирана премија, споредбено со истиот период од минатата година. Во првиот квартал беше одбележан раст во сите класи на осигурување и по број на склучени договори и по полисирана премија.

Порастот се бележи во сите класи на осигурување и тоа:

  • Остварена премија од 195,8 милиони денари премија со што е за 9,5% повеќе од минатата година за истиот период.
  • Задолжителни осигурувања – авто одговорност пазарен раст од 4,6%, Сава осигурување раст 5,3%

Пораст е забележан и кај незадолжителните полиси:

  • Останати имотни осигурувања – премија раст 20,9%, склучени договори раст 30,0%
  • Доброволно приватно здравствено осигурување премија раст 164,2%, склучени договори раст 153,9%. Кај доброволното приватно здравствено осигурување имаме пораст од 1,5 милиони денари што укажува на фактот дека свесноста и бенефитите од овој продукт го наоѓаат своето место на пазарот и се повеќе се бара од страна на граѓаните.
  • Незгода премија раст 11,00%, склучени договори 15,4%
  • Патничко осигурување премија раст 18,1%, склучени договори 13,4%

Порастот се бележи и кај асистенските продукти односно кај осигурување на возач АО плус со 8,7% пораст, домашна асистенција 33,8%, автомобилска асистенција 60,7% пораст.

Три нови канцеларии се отворени во Скопје (населба Авто Команда), Крива Паланка и Охрид.

Растот и развојот остануваат клучен дел од стратегијата на Сава осигурување а.д. Скопје.

Осигурување

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје денес прославува 10 години од извршената прва уплата во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

За бегрижно лето и сигурен дом – ДОМИ КОМПЛЕТ од Еуролинк осигурување

Објавено

на

Во период од 11.07.2019 до 10.09.2019 Еуролинк осигурување обезбедува 30% попуст за годишна полиса за станбено осигурување ДОМИ КОМПЛЕТ, за сите пакети, преку својата интернет продавница со Grouper купон. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување АД Скопје склучи Договор за реосигурување со Триглав Ре Љубљана

Објавено

на

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, на 157-та седница одржана на ден 11.-13.06.2019 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2019 година со Триглав Ре бр. 0202-6891/1, врз основа на која е склучен Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2019 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange