Connect with us

Останато

Рустеми: „АД Пошта” ја стопираше услугата платен промет, откако ѝ е одземена дозволата на Еуростандард банка

Објавено

на

Генералниот директор на АД Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми на прес-конференција одржана по повод одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје со која Македонската пошта имаше договор за извршување на услугата платен промет, изјави дека платниот промет што се врши преку АД Пошта Северна Македонија е стопиран и ќе се активира кога ќе биде потпишан договор со друга банка во законска процедура.

Тој додаде дека по Одлуката на Народна банка за одземањето на дозволата за работа на Еуростандард Банка АД Скопје, АД Пошта Северна Македонија нема можност да ја реализира услугата платен промет, бидејќи имаше договор само со оваа банка.

Рустеми моментално не знае кога „АД Пошта Северна Македонија“ ќе може да ја реализира оваа услуга бидејќи треба да бидат исполнети сите законски услови и да се реализира постапка за избор на нова банка. Во меѓувреме компанијата ќе продолжи да ја врши својата основна функција пренос на пратки.

Директорот на Македонска пошта не соопшти дали и од колкави загуби ќе претрпи компанијата додека не избере нова банка за извршување на услугата платен промет.

Останато

Платите стагнираат, но за даноци мора да има – Владата воведува нов данок!

Објавено

на

Владата ќе воведе еколошка такса за дизелот и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Остануваат уште неколку дена до можноста за македонските стартапи да аплицираат за глобалната програма Accelerate2030!

Објавено

на

Сеавус Акцелераторот и Бизнис Импакт Лаб, со стратешките партнери УНДП и ФИТР отворија повик за најголемата глобална програма Accelerate 2030! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Британија стравуваат поради најавеното зголемување на даноците

Објавено

на

Богатите претприемачи во Белика Британија стравуваат од претстојното зголемување на даноците во државата – највисоко за изминатите 60 години. Тоа се податоци на анализа на швајцарската банка „Lombard Odier“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно