Connect with us

Форекс

Руски економист предупредува: Во егзотични валути не треба да се вложува!

Објавено

на

Најслабите средства во кои секако не треба да инвестирате се таканаречените егзотични валути, изјави за агенцијата „Prime“ инвестицискиот стратег на „BKC World of investments“, Александар Бахтин.

Оваа валутна класа не се препорачува за купување, освен кога планирате патување во земји како Иран, Венецуела, Авганистан. Валутите на овие земји се несигурни и непрофитабилни средства поради економски и политички проблеми, објасни економистот Бахтин.

Сомнителна валута е и турската лира. Само од почетокот на 2021 година изгуби 40 проценти од својата вредност. Поради многу ниската ликвидност, купувањето на вакви валути е придружено со високи трошоци за провизија. Ова го прави нивното купување уште побесмислено.

„Инвеститорот треба да формира девизна позиција во однос на доларот и еврото, но најдобро е да не се чуваат пари, туку да се инвестираат во финансиски инструменти“, објасни Бахтин. Овие инструменти можат да бидат, на пример, хартии од вредност, берзански фондови и слично.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно