Connect with us

Криптовалути

Руски агенти стојат зад грабежот на векот на криптовалути?

Објавено

на

Големиот крах на крипто-берзата BTC-E и подоцна позната како Wex од пирамидална измама сега добива сосема нова димензија по истражувањето кое го направи BBC Russia. Според нивната истрага постои голема можност грабежот на криптовалути во вредност од 450 милиони долари да бил извршен од страна на агенти на руската безбедносна и разузнавачка служба ФСБ.

Наводно, Александар Билјученко, еден од основачите на Wex берзата бил држен неколку дена од страна на руски тајни агенти во хотел во Москва. Тие од него побарале пристап до клучевите до крипто-сметките на корисниците на берзата, со што можеле да пристапат до сметките на кои имало 30 илјади биткоини и 700 илјади лајткоини.

Од страна на руското МВР и од ФСБ службата засега немаат официјален коментар на наводите на BBC Russia за што ќе бидат потребни дополнителни проверки. Службените лица велат дека посочените агенти на руската служба постои можност да делувале самостојно без официјална наредба и ја искористиле својата положба за да ги извлечат огромните средства од сметките на Wex берзата.

Исто така, е наведено дека во игра е и обид за бегање од одговорност од страна на Билјученко со изговор дека бил ставен под принуда да ги додели приватните клучеви за крипто-сметките, а всушност дека тој ги измамил корисниците.

Wex берзата беше затворена во јули 2018 година откако американското правосудство поднесе барање за поведување истрага под сомнежи дека овој пазар на криптовалути се користел како параван за перење пари на криминалци, а не за зголемување на вредноста на измамените инвеститори.

Билјученко во 2018 бил приведен од руските органи и бил испрашуван за неговата улога во скандалот со Wex берзата, а сега е ставен во програма за заштита на сведоци.

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пазарот на криптовалути под притисок

Објавено

на

Пазарот на криптовалути деновиве беше под огромен притисок. Криптовалутата етериум падна за 35 проценти за неколку дена, а биткоинот се намали под 10.000 долари откако надмина 12.000 долари пред неколку дена, граница што упорно беше голема пречка за биткоинот оваа година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Оптимизам на аналитичарите или реалност – биткоинот ќе достигне вредност од 500.000 долари!?

Објавено

на

Гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, изјави дека ФЕД ќе дозволи инфлацијата да се искачи на над два проценти. Централната банка на САД ќе го стори тоа за да може економијата да создаде што е можно повеќе работни места. (more…)

Продолжи со читање

Популарно