Останато
Рускиот БДП падна за четири проценти во вториот квартал

Рускиот бруто домашен производ (БДП) се намали за 4 проценти на годишна основа во вториот квартал од оваа година, бидејќи западните економски санкции влијаат на руската економија, објави руската агенција за статистика „Росстат”.
„Во периодот од април до јуни, според прелиминарните проценки, БДП изнесува 96% од разликата постигната во истиот период во 2021 година“, се наведува во соопштението за јавност на „Росстат”.
Станува збор за објавување податоци за движењето на рускиот БДП во првиот од трите месеци кои беа целосно одбележани со војната во Украина, посочува „АФП”.
Неколку светски финансиски институции ги намалија економските изгледи за Русија и Украина по почетокот на руската инвазија на Украина. Во мај, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) предвиде за Украина дека нејзиниот БДП оваа година би можел да падне за високи 30 проценти, додека економската активност во Русија би можела да се намали за 10%.
Пред Русија да ја започне својата инвазија на Украина на 24 февруари, лондонската банка предвидуваше раст од 3,5% за Украина оваа година и зајакнување од 3 проценти за Русија.
Светската банка во средината на април објави дека БДП на Украина оваа година ќе падне за неверојатни 45,1%, а на Русија за 11,2 проценти.
По започнувањето на војната, многу западни земји воведоа санкции против Русија, со кои сакаат да ја ослабат руската економија и нејзиниот претседател Владимир Путин.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер