Connect with us

Странски банки

Руската централна банка гo прекинa купувањето на девизи

Објавено

на

Руската централна банка донесе одлука да го прекине купувањето на девизи на домашниот пазар во наредните 30 дена во рамките на механизмот за фискални правила, соопшти регулаторот.

Продолжувањето на трансакциите ќе се одлучи по разгледување на состојбата со финансискиот пазар во март, додаде регулаторот, а пренесува „TASS”.

„Одлуката има за цел да ги направи постапките и активностите на монетарните власти по предвидливи и да ја намали нестабилноста на финансискиот пазар во услови на големи промени на глобалниот пазар на нафта. Одлуката важи и за редовни набавки на девизи и набавки одложени во 2018 година“, се вели во соопштението.

Централната банка на Русија ја следи состојбата на финансискиот пазар, се вели во соопштението, додавајќи дека банката е подготвена да користи дополнителни инструменти за поддршка на стабилноста на финансиските пазари.

Како дел од фискалните правила, Министерството за финансии прави месечни набавки на девизи користејќи дополнителни приходи од повисоки цени на нафтата од предвидената цена и ги распределува на резервите.

Централната банка делува како агент на Министерството за финансии за набавка на девизи на отворен пазар.

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ги избра „Bank of America” и „Orrick” за советници во приватизацијата на Monte dei Paschi (MPS)

Објавено

на

Италијанското Министерство за финансии ги избра „Bank of America” и „Orrick” за финансиски и правни советници за да обезбедат договор за спојување на спасената италијанска банка „Monte dei Paschi” (MPS) како дел од планот за приватизација, изјавија за „Reuters” четири извори блиски до ова прашање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 104,6 милиони евра

Објавено

на

Нето добивката на НЛБ групацијата заклучно со третиот квартал на 2020 година достигна 104,6 милиони евра, што е за 36% помалку во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно