Connect with us

Странски банки

Руската Централна банка ги зголеми каматните стапки и воведе забрана за продажба на акции во странство

Објавено

на

Руската централна банка соопшти дека им наредила на брокерите да го прекинат извршувањето на сите налози од странски правни лица и лица кои сакаат да ги продадат своите руски инвестиции, како акции и удели во компании, пренесува „BBC”.

Банката на Русија, исто така, соопшти дека допрва треба да одлучи дали денеска ќе ја отвори Московската берза, освен пазарот на девизен курс и пари. Времето за отворање веќе неколку пати беше поместувано во последните неколку часа.

Ова се случува откако рубљата падна на ново рекордно ниско ниво, откако западните земји најавија нови санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Исто така, Руската централна банка соопшти дека ја зголемува основната каматна стапка на 20 проценти од 9,5 проценти, за да се спротивстави на ризиците од депресијација на рубљата и повисока инфлација, додека официјалните лица се обидуваат да ги менаџираат последиците од западните санкции, посочува „BBC”.

Москва, исто така, им нареди на компаниите да продадат 80 проценти од приходите во странска валута, соопштија централната банка и Министерството за финансии.

„Надворешните услови за руската економија драстично се променија”, се вели во соопштението на Централната банка.

Странски банки

Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно