Странски банки
РУСКАТА РУБЉА ПРЕД КОЛАПС – Русите плаќаат провизија од 30% за замена на рубљата во странски валути


Во текот на вчерашниот ден руската влада на чело со рускиот претседател Владимир Путин воведоа итни мерки со цел да се одржи стабилноста и вредноста на домашната валута, која почна вртоглаво да ја губи својата вредност, достигнувајќи рекордно најниско ниво.
Мерките кои ги воведоа властите беа забрана за руските државјани да префрлуваат пари во странство, но и ограничување за купување на странски валути.
Во обид да го спречи масовниот тренд на граѓаните да ги заменуваат рубљите во странски валути поради страв од губење на нејзината вредност како резултат на инвазијата на Украина, руската Централна банка воведе провизија од 30 проценти при купување на странски валути, пренесува „Reuters“.
Руската централна банка претходно ја зголеми основната каматна стапка од 9,5 на 20 проценти за да се спротивстави на ризиците од падот на вредноста на рубљата и повисоката инфлација, додека официјалните лица се обидуваат да ги менаџираат последиците од западните санкции.
Странски банки
НЕОЧЕКУВАНО – Турската централна банка ги намали каматните стапки на 13%


Tурската централна банка неочекувано ја намали основната каматна стапка за 100 базични поени на 13%, наведувајќи го забавувањето на економската активност. (more…)
Странски банки
Инфлацијата во Велика Британија надмина 10 проценти


Растот на потрошувачките цени во Велика Британија силно забрза во јули, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 1982 година и дополнително го зголемува притисокот врз домаќинствата, покажаа официјалните податоци во средата. (more…)
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје