Форекс
Руската рубља од почетокот на војната двојно ја зголеми вредноста во однос на доларот

Централната банка на Русија вчера повторно ги намали каматните стапки, по трет пат од почетокот на мај, со цел да го спречи зајакнувањето на рубљата.
Од дното достигнато во март по воведувањето на меѓународните санкции поради инвазијата на Украина, руската валута ја удвои вредноста во однос на американскиот долар.
Според „Financial Times“, Банката на Русија ја намали каматната стапка од 14 на 11 проценти. Со тоа основната каматна стапка со 20 проценти на почетокот на април практично беше преполовена.
Како што потсетува „Пословни дневник“, руската централна банка со зголемување на каматната стапка на дури 20% се обиде да го стабилизира курсот кој беше под притисок по воведувањето на санкциите и падна и до 150 рубли за долар.
Според финансиските аналитичари и економисти, фактот што Централната банка на Русија ја намалува каматната стапка по трет пат значи дека монетарната власт е загрижена поради брзиот пораст на рубљата.
Силната валута не е само товар за локалната економија, која се очекува да потоне во двоцифрена рецесија оваа година, туку врши притисок врз државните финансии со намалување на вредноста на приходите од нафта и гас деноминирани во долари во локална валута.
Оваа недела курсот на руската валута зајакна на 51 рубља, што последен пат беше забележано во 2015 година. По веста за намалување на каматната стапка, курсот нешто ослабна на 60 рубли.
„Оваа необична апрецијација почна да претставува проблем за финансиската стабилност, а да не зборуваме за ризикот за економската активност“, рече Софија Донец, економист во „Renaissance Capital”, за „FT“.
„Покрај тоа што го оштетува билансот на буџетот, силната рубља им го отежнува животот на руските извозници”, додаде Донец. Затоа, наглото намалување на каматната стапка е неспорно предизвикано од зајакнувањето на валутата.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер