Connect with us

Форекс

Руската вакцина ја сруши цената на златото и среброто

Објавено

на

Цените на скапоцените метали забележаа драстичен пад на азиските пазари во текот на минатата вечер.

Ова се должи на закрепнувањето на апетитот за ризик по охрабрувањето на економските податоци и надежите за нов американски пакет за стимулации во САД што го туркаа индексот „S&P500“ близу до рекордно ниво.

Цената на златото падна за дури 5,2 проценти, на 1.921,50 долари за унца, што е најголем еднодневен пад за седум години и далеку под рекордното ниво забележано во петокот од 2.072,50 долари, пренесува „Reuters“.

Другите скапоцени метали исто така паднаа нагло, при што среброто „потона“ за дури 13,8 проценти, најмногу во еден ден од октомври 2008-ма година. На крајот на тргувањето, цената на среброто падна за 13,4% на 25,24 долари за унца.

Вредноста на платина падна за 4,7 проценти, на 940,08 долари, а цената на паладиумот падна за истиот процент на 2.116,33 долари за унца.

„Ова е мини удар. Не можеме да ги игнорираме утринските насловни страници за потенцијалната руска вакцина, така што оптимизмот на инвеститорите за инвестирање во акции на компании штотуку продолжи“, рече Едвард Мора, постар аналитичар во брокерската куќа „Oanda“.

На американскиот фјучерски пазар цената на златото падна за 4,6 проценти утрово, на 1.946,30 долари за унца.

„Подобри од очекуваните економски податоци во САД влијае да се забрза продажбата на „жолтиот метал“”, вели Едвард Мора, но тој додава дека изгледите за злато се уште силни.

Цените на производителите во САД се зголемија повеќе отколку што се очекуваше во јули, а генералниот индекс „S&P“ достигна рекордно високо ниво.

Форекс

Индексот на доларот зајакна по одлуките од седницата на ФЕД

Објавено

на

Денес доларот зајакна во однос на корпата од шест најважни валути во светот на меѓународните пазари при тргување обележана со поголеми флуктуации на девизниот курс, откако Федералните резерви на САД соопштија дека клучните каматни стапки ќе останат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Какви измени и дополнувања на Правилата за котација на Берзата ќе се применуваат од 21.09.2020 година?

Објавено

на

Од 21.09.2020 година ќе отпочне со примена Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 28.07.2020 година, а за кои е добиена согласност со Решение на КХВ бр. УП1 08-60 од 21.08.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

„Инвеститорски ден“ на Македонска берза по повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата иницира одржување на т.н. „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност и осум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно