Connect with us

Странски банки

Руската банка ВТБ објави загуба од седум милијарди евра

Објавено

на

Руската банка ВТБ, втора по големина во таа земја, соопшти дека во 2022 година направила загуба од седум милијарди евра, што е последица на санкциите „без преседан“ што беа воведени поради руската офанзива во Украина.

Посебно беше нагласено нејзиното исклучување од меѓународниот платен систем Свифт.

„Во 2022 година, Групацијата ВТБ се соочи со невидени тешкотии и предизвици. Станавме прва цел на максималните можни санкции што доведоа до големи загуби“, вели Дмитри Пјанов, финансиски директор во соопштението.

ВТБ наведе дека има загуба од 612,6 милијарди рубљи или околу седум милијарди евра по тековниот курс по 2021 година кога оствари нето добивка од 327,4 милијарди рубљи.

Останато

Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка со цел да ја спаси рубљата

Објавено

на

Управниот одбор на Централната банка на Русија денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ќе го оданочува екстра профитот на банките!?

Објавено

на

Италија објави дека ќе ги подложи на еднократен данок од 40% локалните банки откако беше обелоденето дека собрале милијарди дополнителен профит од зголемувањето на каматните стапки. Италијанската влада, која го одобри изненадувачкиот данок на состанокот на владата во понеделникот вечерта, рече дека планира да ги искористи приходите за поддршка на имателите на хипотеки и за намалување на даноците, во време кога зголемените стапки извршија дополнителен притисок врз домаќинствата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР е најголем инвеститор во Северна Македонија! Како гледа на македонската економија?

Објавено

на

Македонската економија во 2022 година е поддржана од Европската банка за обнова и развој со 250 милиони евра, со што оваа институција практично е најголемиот поединечен инвеститор во земјава, а со тоа и најголем помагач на домашниот економски раст и развој. За пет години, од 2017 до 2022 година, ЕБОР има вложено во Северна Македонија 684 милиони евра за поддршка на 71 проект, а за 20 години, од 1993 година наваму дури 2,49 милијарди евра во 171 проект. (more…)

Продолжи со читање

Популарно