Останато
Русија ќе биде исфрлена од SWIFT системот во наредните денови!?

Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем „SWIFT” ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за западни медиуми еден од гувернерите на централна банка во ЕУ.
„SWIFT е само прашање на време, тоа ќе се случи наскоро, во наредните денови“, рече еден од 27-те гувернери од земјите-членки на Европската централна банка, кој сакаше да остане анонимен. Тој додаде дека таквата одлука е апсолутно неопходна.
Санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо, операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина, реагираше заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев.
„Овие санкции дефинитивно нема да сменат ништо. Тоа им е јасно дури и на неупатените во Стејт департментот. Ова се однесува на одлуката да се спроведе воената операција за заштита на Донбас“, рече Медведев.
Тој нагласи дека „операцијата ќе биде целосно спроведена се додека не се исполнат целите што ги определи рускиот претседател“.
Медведев, исто така, рече дека Русија ќе одговори на заплената на парични средства на руските граѓани и компаниите во странство, на начин што ќе бидат запленети парите на странците и странските компании во Русија.
Останато
Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”

Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел. (more…)
Останато
Снежана Станковиќ е новиот член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

По издаденото одобрение на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и упис во Централниот Регистар на РСМ, Снежана Станковиќ и официјално се приклучи на тимот на Сава пензиско друштво АД Скопје, како нов член на Управниот одбор на Друштвото. (more…)
Останато
Пантелеон ГС ќе му помогне на РК Вардар да се врати на победничките патишта!

Македонската компанија Пантелеон ГС застана зад ракометниот клуб Вардар 1961 како нов спонзор на најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд. Компанијата реши да ја препознае и поддржи напорната работа која РК Вардар ја вложува во враќање на препознатливото име меѓу трофеите и успесите, промовирајќи се како нов спонзор и партнер на клубот. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје