Connect with us

Останато

Русија планира да инвестира околу 27 милијарди долари во антикризната програма

Објавено

на

Русија планира да инвестира 26,9 милијарди американски долари во својата антикризна програма, која има за цел да ги спречи негативните ефекти предизвикани од пандемијата на коронавирусот, изјави рускиот министер за економија Максим Решетников, пренесува „Reuters“.

„Вкупниот износ за антикризната програма, вклучително и овој пакет, веќе надмина 2.000 милијарди рубли“, изјави Решетников на состанокот на руската влада, пренесуваат руските медиуми.

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин побара од банките што поскоро да се вклучат во програмата за издавање поволни кредити со ниска камата за мали и средни бизниси.

Владата, исто така, испрати предлог до парламентот за ослободување од данок на доход на медицинските лица.

Исто така, се предлага да се отстранат ограничувањата за можноста за позајмување од еден регион во друг, почнувајќи од 2021 година.

Руската влада ќе продолжи да развива дополнителни мерки за поддршка на различни сектори на економијата, додаде премиерот.

Останато

ОЕЦД: Економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 ќе трае долго

Објавено

на

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството

Објавено

на

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно