Криптовалути
Русија забранува плаќањe со криптовалути!?

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува употребата и плаќањето со криптовалути со што е потврдено дека руската рубља е единствена прифатлива парична единица во Руската Федерација.
Според новиот закон, кој го потпишал рускиот претседател Владимир Путин, дигиталниот имот и дигиталните права повеќе не се прифаќаат како „парични сурогати“ и се забранува користење на дигитални средства, како што се криптовалути и „NFT“, за плаќање на стоки и услуги.
Покрај тоа, новиот закон, исто така, бара крипто централите и давателите на услуги да одбиваат трансакции каде дигиталните трансфери може да се толкуваат како форма на плаќање. Новиот закон вели:
„Забрането е пренос или прифаќање на дигитални финансиски средства како компензација за пренесени добра, извршени работи, дадени услуги, како и на кој било друг начин што овозможува примање плаќање за стоки (работи, услуги) со дигитални финансиски средства, освен ако поинаку не е определено со федерални закони“.
Централната банка на Русија веќе повика на целосна забрана на криптовалутите. Ова најверојатно нема да се случи бидејќи руското Министерство за финансии се спротивстави на идејата и веруваше дека е неопходно да се дозволи развој на крипто-технологијата. За 10 дена, законот ќе стапи на сила и ќе ги направи плаќањата со криптовалути незаконски во земјата.
Сепак, Русите сè уште можат да инвестираат во криптовалути како Биткоин и веројатно им е дозволено да продолжат да ги ископуваат.
Криптовалути
БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје