Странски банки
Русија воведува дигитална рубља

Централната банка на Русија во јануари ќе започне пилот-проект за трансакции со дигитална рубља, изјави Олга Скоробогатова, првиот заменик-гувернер на Централната банка на Русија.
„Прототипот на платформата за дигитална рубља е подготвен. Веднаш по празниците, во јануари, ќе започнеме со пилот проектот од првата фаза со 12 банки“, изјави Скоробогатова.
Во првата фаза ќе бидат вклучени кредитните организации и имплементираните операции C2C („Content to consumer“), пренесува „Танјуг”.
Втората фаза на тестирање вклучува поврзување на Федералното Министерство за финансии и спроведување на функционалноста на „паметните“ договори, како и трансакции на потрошувачите со бизнисот (C2B), бизнисот со бизнисот (B2B), бизнисот со државата (B2G).
Централната банка на Русија потоа има намера да вклучи финансиски посредници, финансиска инфраструктура (берзи, брокери, осигурителни компании и други), како и да спроведе онлајн режим и да обезбеди размена на дигитални рубљи за странска валута.
Претходно беше објавено дека, во согласност со проектот за основна дигитализација на финансискиот пазар на Русија за периодот 2022-2024 година развојот на платформата за дигитална рубља ќе биде постепен, со проширување на кругот на учесници и видови на операции, соопшти Централната банка на Русија.
Странски банки
Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)
Странски банки
ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)
Странски банки
Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје