Connect with us

Останато

РУСИТЕ ГО ПЛАЌААТ ДАНОКОТ НА ВОЈНАТА – Се зголемуваат трошоците за живот во Русија

Објавено

на

Трошоците за живот во Русија се зголемуваат, покажуваат новите податоци.

Како што пренесува „BBC”, растот на цените следува по руската инвазија на Украина.

Цената на некои основни производи за домаќинство, како на пример шеќерот, „скокна” за 14% минатата недела.

Се проценува дека инфлацијата ќе продолжи да расте во Русија, каде рубљата изгуби 22 проценти од својата вредност од почетокот на годинава.

Во текот на вчерашниот ден, руското Министерство за економија соопшти дека годишната инфлација „скокнала” за 14,5 проценти во неделата заклучно со 18 март – што претставува највисоко ниво, од крајот на 2015 година.

Цената на шеќерот, што го користат често за зачувување храна или за правење алкохол, е зголемена најмногу. Потоа следува кромидот, со пораст од 13,7% на национално ниво, а во некои области и до 40,4 проценти. Пелените пак, поскапеа за 4,4%. Цените за црн чај се зголемија за четири, а тоалетната хартија за три проценти.

Медиумот потсетува дека голем дел бизниси се повлекоа од Русија поради војната. Други пак, како швајцарскиот гигант Нестле, ги повлече главните брендови како КитКат и Несквик.

Видеа на социјалните медиуми покажуваат како купувачи се обидуваат да купат шеќер и леќа во супермаркети во Москва.

Заменик премиерката Викторија Абрамченко им порача на жителите дека нема потреба од паника за да се купат овие работи.

„Има доволно за сите”, истакна таа.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно