Connect with us

Сметки

Роџер Федерер е жива легенда, неговиот лик отсега и на швајцарските монети

Објавено

на

Швајцарија најави дека ќе направи нови монети со ликот на повеќекратниот грен слем шампион Роџер Федерер кој и со своите полни 38 години сеуште е еден од најдобрите тенисери во светот.

Ликот на Федерер ќе се појави на сребрена монета во вредност од 20 франци, која ќе биде издадена на 23 јануари 2020 година.

Златна паричка од 50 франци, исто така посветена на Федерер, но со различен дизајн, се планира да биде објавена во мај наредната година. Федерер ќе биде првиот човек во Швајцарија што ќе биде почестен со ваков гест додека е сеуште жив и притоа сеуште активен.

Владата изјави дека Федерер е веројатно најуспешниот индивидуален спортист на Швајцарија и нејзин совршен амбасадор од секој можен аспект.

Сметки

Од петок (26-ти јуни) ќе започне исплатата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на својата последна 72-ра седница одржана во текот на денешниот ден ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за јуни 2020 година, со утврден распоред за исплата на пензиите за месец јуни со цел да се избегне ризикот од КОВИД-19, според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи (денови) почнувајќи од 26.06.2020 година, како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од 26.06.2020 година, односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа од 26.06.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Сметки

Од среда ќе започне исплатата на мајските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на својата последна 56-та седница одржана во текот на вчерашниот ден ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за мај 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Сметки

Пензионерите ќе ги добијат априлските пензии на крајот од тековниов месец

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на својата последна седница одржана во текот на вчерашниот ден ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно