Connect with us

Странски банки

Романија го ревидира “данокот на алчноста” кои го плаќаат банките

Објавено

на

Владата и Романското Министерство за финансии планира да направи измени во финансискиот данок т.н. “данок на алчноста”, што ги уништи локалните берзи, направи раздор во централната банка и се закани дека ќе ја намали кредитната способност на земјата. Ова беше објавено од страна на глобалната рејтинг агенција Standard & Poor’s Global Ratings.

Романското Министерство за финансии планира да го ревидира данокот на имот за банките, кој се пресметува врз основа на тримесечна и шестмесечна романска меѓубанкарска каматна стапка, со фиксна годишна такса која се однесува само на одредени категории на средства, пишуваат романските медиуми.

Понатаму, данокот ќе се ревидира дополнително, земајќи ги во предвид маржите кои произлегуваат од разликата меѓу каматните стапки на депозитите и кредитите дадени во леи, се наведува во документот.

Фискалните промени во голема мера ја критикуваа банкарската индустрија во државата, Европската централна банка, Европската комисија, опозициските партии и претседателот на државата, поради лошите политики и застарените процедури во банкарска индустрија.

Данокот на алчноста е една од причините што ја поттикна агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s Global Ratings да ги намали изгледите за кредитна проценка на Романија на негативен од претходно стабилниот рејтинг.

Повеќе

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange