Платежни картички
Роковите поминаа, дел од студентите одбиени за домашна платежна картичка иако исполнуваат услови

Дел од студентите останаа без денар доделен од Владата, голем дел од младите до 29 години не ја добија најавената владина помош во износ од 3.000 денари преку домашната платежна картичка.
Многубројни се оние кои и покрај тоа што ги исполнуваат сите услови, не се најдоа на списокот за доделување платежна картичка, и приговорите им беа одбиени. Во текот на изминатиот период, беа поднесени дури 30.000 приговори, од кои беа прифатени само 4.052.
Институциите си ја префрлаат одговорноста за проблемот. Факултетите кај министерството, а министерството пак кај Владата, односно во Генералниот секретаријат.
На 24-ти јули истече рокот, па оние студенти кои не ја добија најавената парична помош од Владата, се прашуваат зошто се дискриминирани во однос на другите кои беа на списоците.
Владината помош од 3.000 денари преку платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои беа директно наменети за граѓаните и компаниите во периодот на кризата со крона вирусот во Македонија, кои беа донесени во предизборна кампања за што дел од невладините и политичките актери ги класифицираа како поткуп на гласачи и злоупотреба на помошта која државата ја нуди за справување со корона кризата.
Платежни картички
Наградна игра на ТТК Банка со Mastercard платежни картички

ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. (more…)
Платежни картички
КаСис: Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД. (more…)
Платежни картички
„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.
(more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје